Културен дом „Есма Реџепова“ на местото на старото матично во Шутка вети Орце Ѓорѓиевски: Вака ќе и оддадеме посебна почит
Кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПНЕ Орце Ѓорѓиевски денес на жителите на Шуто Оризари им вети низа инвестиции што ќе создадат подобра локална инфраструктура, повеќе јавен простор и нови можности за спорт, култура, и социјална поврзаност пред се. Нов фудбалски стадион и нов културен дом кој ќе го носи името Есма Реџепова се главните проекти за Шутка. „Во Шуто …
Continue Reading
Фазлиу: Фирмата „АС Сењак“ на Ахмети е центар на бизнис-пајажина
Помина цела недела откако ја отворивме најголемата политичко-финансиска афера во поновата историја на Македонија. Една недела Али Ахмети и ДУИ се во тотален молк. Една недела се надеваат дека со криење вистината ќе исчезне, посочи Беким Фазлиу од „Вреди“. „Мислеа дека ако поднесеме иницијатива до Антикорупциската комисија, ние ќе застанеме и ќе чекаме. Се излажаа. Досега знаевме дека фантом-фирмата на …
Continue Reading
(Видео) Петрушевски: Филипче одработува за планот на Заев, кој на поранешен бугарски премиер предаде стик со материјали и шема за преземање на две големи фирми
Филипче одработува за планот на Заев, кој на поранешен бугарски премиер предаде стик со материјали и шема за преземање на две големи фирми, кажа на прес-конференција „Венко Филипче цела кампања ја помина во градење позиции за планот на Заев кој треба да заврши со нови отстапки на Македонија доколку СДС добие некогаш можност да ја води државата и со преземање …
Continue Reading
(Видео) Шукова: Скопје без хартија, дигитален град за сите
Кандидатката за градоначалничка на Град Скопје од СДСМ, Каја Шукова, денеска пред медиумите говореше за отворено и технолошки напредно Скопје преку иницијативата „Скопје без хартија дигитален град за сите“, што е дел од нејзината предизборна програма. „Мојата визија за Скопје е град што функционира транспарентно, ефикасно и современо град што им служи на граѓаните,“ истакна Шукова. Таа објасни дека концептот …
Continue Reading
(Видео) Филипче до Мицкоски: Или сфати дека си избран да ја водиш државата или да си одиш
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање во врска со изјавите на премиерот Мицкоски, порача дека премиерот треба да престане со спинови и да почне да се соочува со реалните проблеми во државата. „Премиерот треба да престане да спинува. Има сериозни економски проблеми и прашања на кои треба да одговори. Кога човек нема што да каже, кога нема …
Continue Reading
Фактот што среде изборна кампања се случува ваков атентат, е сериозна закана за демократијата и безбедноста во државата: Адеми за вооружениот напад во Липково
Длабоко сме загрижени и потресени од вооружениот напад врз нашиот кандидат и носител на советничката листа во Општина Липково, д-р Зеќирија Шахини, кој беше застрелан од маскирано лице и ранет. За среќа, неговиот живот е надвор од опасност, но самиот факт што во сред изборна кампања се случува ваков атентат претставува сериозен аларм за демократијата, јавниот ред и безбедноста во …
Continue Reading
Османи: Влегов во оваа трка не за да заменам една личност со друга, туку за да го скршам менталитетот на „не можам“
Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, Бујар Османи, на денешната прес-конференција ја истакна својата решеност да ја промени дводецениската матрица на управување со општината со изговорот „не можеме“, кога станува збор за реализирање на крупни проекти во интерес на граѓаните. Тој порача дека неговата кандидатура не е борба против личности, туку против менталитетот на „не можам“, кој, како што рече, …
Continue Reading
Уште колку луѓе треба да настрадаат за Панче Тошковски да почувствува одговорност, прашуваат од СДСМ
Министерот Панче Тошковски без око да му трепне јавно соопшти дека не чувствува никаква одговороност за колапсот на безбедносниот систем и фактот што на улиците се пука како да сме Див Запад, велат од СДСМ. Според нив, последиците од партизацијата на полицијата и претоварењето во партиски сервис на ДПМНЕ скапо ги чини граѓаните. „До кога мисли Тошковски да се криe …
Continue Reading
Мицкоски до Филипче: Кажи јавно што мислиш за Зоран Заев, не биди лицемерен
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на синоќешниот митинг во Гостивар во рамките на изборната кампања за локалните избори 2025 година со слоган „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“ го повика претседателот на СДСМ, Венко Филипче јавно да каже што мисли за неговиот претходник во партијата Зоран Заев. Како што укажа Мицкоски, Филипче се срами да каже, а …
Continue Reading