СДСМ: Мицкоски ја копира Орбановата политика на конфронтација – резултатот е изолација


mickoski-orban-2.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„По падот на Виктор Орбан, во Унгарија започна процес на нормализација – Унгарија и Украина сега разговараат за правата на унгарското малцинство. Со години Орбан намерно го блокираше овој процес за да ја чува тензијата, да ја држи Унгарија во конфронтација со ЕУ и да ги штити руските интереси“, велат од СДСМ.


„Иста политика применува и Христијан Мицкоски. Тој намерно ја блокира уставната измена за малцинствата, не за да го „брани македонскиот идентитет“, туку за да ја блокира ЕУ интеграцијата на Македонија.

Зошто? Затоа што влезот во Европа значи независно судство, Европско јавно обвинителство и крај на неговата криминална заштита. Мицкоски не сака ЕУ затоа што мора да одговара.

Изолацијата на Македонија, покрај што им гарантира слобода на него и неговата криминална група, истовремено ја исполнува обврската кон Русија – да остане нејзин прокси играч на Балканот.

Паралелата е јасна: Орбан со намерна блокада и конфронтација за да ги штити руските интереси и својата власт. Мицкоски со намерна блокада и конфронтација за да ја заштити својата криминална група и истовремено да служи на руските интереси.

Разликата е што Орбан веќе падна. Мицкоски се уште се обидува да ја држи Македонија како заложник.

Граѓаните јасно гледаат: политиката на конфронтација, изолација и лаги не носи ништо освен сиромаштија, заостанување и туѓи интереси.

Ние избираме друг пат – патот на реформи, дијалог и европска иднина. Малцинства во Уставот сега. Реформи сега. Европа сега“, соопшти СДСМ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK