(Видео) Фрчкоски: ВМРО-ДПМНЕ врши дефокус за да ги прикрие „мигрантите за пари“

Членот на Извршниот одбор на СДСМ, Јон Фрчкоски, денеска одржа вонредна прес-конференција, на која се осврна на, како што рече, обвинувањата и нападите што ВМРО-ДПМНЕ со денови ги пласира во јавноста. Фрчкоски наведе дека по изгласувањето на Резолуцијата, која, според него, наместо борба против дезинформации, значи забрана на вистината и слободата на говорот, започнале закани со кривични пријави и апсења. …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ: Преку наместен тендер во ЕСМ во 2023 испрани околу 2 милиони евра

Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека СДСM и ДУИ за време на нивното седумгодишно владеење воспоставиле тендерски мрежи со однапред договорени постапки и контролирана конкуренција, со цел перење пари од државниот буџет. Во соопштението се наведува дека во 2023 година, преку организирана и добро осмислена шема во ЕСМ, биле испрани околу 2 милиони евра преку наместен јавен тендер со вкупна вредност од …

Continue Reading

„Врват криминални тендери на ДПМНЕ додека Скопје се гуши во загаден воздух“, велат од СДСМ

„161 тендер за една фирма вредни 5,3 милиони евра, тендери од 9 милиони за друга фирма со двајца вработени, милионски износи за фирма на студентот на Мицкоски. Дури и по европските пари посегна власта за што ЕУ ја суспендираше ИПАРД 3 програмата“, велат од СДСМ. „Наместо инвестиции во мерки и политики за намалување на загадувањето парите на граѓаните завршуваат во …

Continue Reading

СДСМ: ЕУ ја суспендирала ИПАРД 3 програмата поради корупцијата на ДПМНЕ

„Европската Комисија ја суспендирала исплатата за европската ИПАРД 3 програма, поради корупцијата на ДПМНЕ. Десет дена власта молчи за оваа одлука. Причина: злоупотребите на европските пари од страна на власта, за кои директорот на Агенцијата за финансиска поддршка за земјоделството и руралниот развој од редовите на ДПМНЕ беше уапсен“, велат од СДСМ. „Но, случајот мора целосно да се расчисти и …

Continue Reading

(Видео) „Општината молчи додека ‘Зимзоленд’ незаконски работи“, велат од партијата Левица

„Недозволиво и крајно алармантно е што општинските власти и понатаму молчат, иако е утврдено дека објектот „Зимзоленд“ работи без соодветна дозвола. И покрај ова, објектот сè уште е отворен и секојдневно посетуван од деца и семејства, без никаква реакција од општинските власти“, велат од партијата Левица. „Фактот што станува збор за објект наменет за најмладите ја прави состојбата уште посериозна. …

Continue Reading

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека планот за управување со квалитетот на воздухот во Скопје ќе го спремаат докажани експерти

Имплементацијата на мерки кои ќе бидат предвидени во План за управување со квалитетот на воздухот во Скопје ќе го спремаат експерти со докажано искуство и успешни проекти позади нив, а не ПР кампањџии, се вели во соопштението од Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата на Град Скопје. Мерките од овој план ќе бидат поддржани од градските власти и ќе се …

Continue Reading

Скопје меѓу најзагадените во Европа, СДСМ обвинува за погрешни приоритети на власта

СДСМ обвини дека власта нема средства за мерки против загадениот воздух, иако Скопје, како што наведуваат, е втор најзагаден град во Европа, додека истовремено се трошат милиони евра на, како што тврдат, наместени и криминални тендери. Од опозициската партија посочуваат дека граѓаните на Скопје секојдневно се изложени на сериозни здравствени ризици поради загадениот воздух, особено децата, младите, хронично болните и …

Continue Reading

Јанчев од Левица по сообраќајната несреќа: Веднаш пружив помош, но бев мета на политичка хајка

Пратеникот и лидер на Левица, Саше Јанчев, денеска се огласи по повод сообраќајната несреќа во која бил учесник, истакнувајќи дека во настанот се погодени најмалку три семејства и бројни блиски лица, поради што досега, како што вели, свесно молчел. Јанчев нагласува дека не сака да навлегува во детали од несреќата, но чувствувал потреба јавно да се произнесе поради, како што …

Continue Reading

Петти конгрес на ДУИ – Ахмети бара нов историски договор

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, на денешниот Конгрес на партијата во Скопје најави нов „Национален договор за напредок“ и побара целосен ветинг со меѓународен надзор за сите носители на јавни функции во последните 34 години. Ахмети предложи и воведување на „извршен Бадентер“ при избор на Владата, примена на Бадентеровиот принцип во Уставниот суд и нова фаза на …

Continue Reading