„За Филипче да го смета за криминал колку пари треба Богоев да украде“, прашува ВМРО-ДПМНЕ


stefan-bogoev-sdsm.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„Криминалната и корупциска матрица е главната идеологија на СДС. За нив е прифатлива корупцијата и во тоа не гледа криминал претседателот на партијата, Венко Филипче. Поранешниот директор на Царинска управа од редовите на СДС, Стефан Богоев – Богац наместил тендер за одржување на хигиена на граничните премини и терминали во вредност од 18 милиони денари“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.


„Богоев тендерот за чистење го наместил со сопартиецот, сива еминенција од огранокот на СДС во Прилеп, Александар Спирковски – Џемо, а за ова Богац зел мито од две илјади евра.

Аферата со Богац, детето на Зоран Заев и негов несуден наследник не е обична, туку трага која не води до многу поголем криминал.

Преку медиумите, македонската јавност дозна дека Богац бил подмитен со 2.000 евра од Џемо, а ние од наши извори дознаваме дека тоа биле првите од илјадниците што требал да ги инкасира пуленот на СДС.

Но, во оваа корупциска афера на некогашниот претставник на младите во СДС, Богоев, само Венко Филипче не гледа криминал.

Па го прашуваме, колку државни пари требал да украде Богац, за Венко Филипче тоа да го смета за криминал? Можеби требал сам да ја подготви тендерската спецификација, како Филипче за модуларните, па после тоа да потпише и анекс со кој цената би се зголемила за 20%, а парите да завршат во негов џеб.

Од друга страна, го повикуваме ЈО да истражи дали е точна информацијата дека Богац требал да добие 10% од наместениот тендер вреден 18 милиони денари, што изнесува 1,8 милиони денари?

Ова не е изолиран случај и личен инцидент на еден поединец. Не треба да заборавиме дека Богоев, на позицијата директор на Царина бил поставен од СДС, и Џемо негов соработник со кој го наместиле тендерот и го договарале митото и разни награди, е исто така човек од СДС.

Двајцата партиски, како што се нарекуваат, другари ги искористиле своите влијанија и раководни позиции и во државната институција си наместиле милионски тендер“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK