(Видео) Петрушевски пак го повика Јавното обвинителство да истражи дали Богоев требало да добие 10% од тендерот вреден 18 милиони денари


petrusevski.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Од тендер вреден 18 милиони денари, колку треба да земе мито Богац за тоа да биде криминал за Филипче и денес праша пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.


Според него, аферата со Богоев не е обична афера од 2.000 евра мито туку е трагата која носи до многу поголем криминал.

„Детето на Заев, несудениот негов наследник, Стефан Богоев заедно со Џемо од Прилеп ги искористиле своите влијанија и раководни позиции и си наместиле тендер од 18 милиони денари. Јавноста преку медиумите дозна дека Богац бил подмитен со 2.000 евра од Џемо, а ние од свиркачи дознаваме дека тоа биле првите од илјадниците што требал да ги инкасира пуленот на СДС“, рече пратеникот Петрушевски.

Го повикуваме Јавното обвинителство да истражи дали е точна информацијата дека Богоев требало да добие 10% од местениот тендер вреден 18 милиони денари или во превод 1,8 милиони денари.

Петрушевски потсети дека Богоев беше поставен од СДСМ и дека Џемо е човек на истата партија, а тендерот е во државна институција па затоа никој, како што рече, не смее да глуми дека ова е личен инцидент оти се работи за партиска шема од матрицата на СДСМ.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK