На Филипче и СДС им пречи тоа што Македонија напредува, за нив напредок е само преку национални отстапки, велат од ВМРО-ДПМНЕ
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ докажува дека европскиот пат е можен и без национални понижувања, истакнуваат од оваа партија. Македонија, како што додаваат, е лидер во реформите и Планот за раст меѓу земјите од Западен Балкан, без да се продава идентитетот, без да се редефинира историјата и без да се релативизира македонскиот идентитет. Тоа, оценуваат во ВМРО-ДПМНЕ, им пречи на СДС …
Continue Reading
Како се потпишува „доверлив“ документ без безбедносен сертификат, ја прашуваат од Левица министерката Божиновска
Пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил, преку објава на социјалните мрежи соопшти дека, преку писмено пратеничко прашање, побарал увид во Меморандумот за соработка во енергетиката што министерката за енергетика, Сања Божиновска, го потпишала во Вашингтон, во април годинава. Но, како што вели наместо копија од документот, од Министерството за енергетика добил одговор со „нејасни формулации за можни ограничувања, меѓународни обврски и …
Continue Reading
Прифатена парична гаранција од 55.000 евра: Стефан Богоев излезе од притвор
Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје ја уважи жалбата на осомничениот С.Б. и ја прифати понудената гаранција, со што му е укината мерката притвор што претходно му беше определена, се истакнува во официјалното соопштение. „Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по жалба со предлог гаранција на осомничениот С.Б., изјавена против решение на судија на претходна постапка од …
Continue Reading
„Вреди“ до ДУИ: Зошто толкава грижа за српскиот јазик во Куманово, а за проблемите на Албанците секогаш имаше пречки и доцнења
Лицемерието во оваа држава има име и презиме. Тоа се вика ДУИ, велат од „Вреди“. „Оние што најгласно зборуваат за албанството се токму тие што, кога ја имаа целата власт во свои раце, ги оставија Албанците во најлоша состојба, додека себеси се вдомија со функции, тендери и полни џебови. Затоа, пред повторно да ни продаваат лажен патриотизам, добро е да …
Continue Reading
(Видео) Јакимовски по пресудата за една година затвор: Осуден сум политички, власта сака да ме спречи да се кандидирам за градоначалник на Карпош
На вонредна прес-конференција поранешниот градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, изјави дека изречената пресуда за една година затворска казна ја смета за политички мотивирана. Тој рече дека е осуден не затоа што сторил кривично дело или ја злоупотребил службената положба, туку поради, како што рече, политички причини. „Осуден сум политички не затоа што сум направил криивчно дело или сум ја …
Continue Reading
Веселинка Лаброска е нова претседателка на Советот за македонски јазик
Проф. д-р Веселинка Лаброска е новата претседателка на Советот за македонски јазик, соопшти Министерството за култура и туризам. Tаа доаѓа на местото на досегашната претседателка на Советот, Симона Груевска-Маџоска. Од Министерството информираат дека Владата на денешната седница го усвоила предлогот за именување на Лаброска, која е дописен член на МАНУ и редовен професор во Институтот за македонски јазик „Крсте Петков …
Continue Reading
Една година затвор за Стевчо Јакимовски, Апелација ја потврди казната
Апелациониот суд ја потврди првостепената пресуда против поранешниот градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, со која му е изречена казна затвор од една година за кривичното дело „бесправно градење“. Во изречената казна ќе му биде пресметан и периодот поминат во куќен притвор, од март до август. Во однос на обвинението за „Злоупотреба на службената положба и овластување“, жалбата на Јакимовски …
Continue Reading
Незаконската наплата за влез во Куклица е симбол на нефункционалноста на државата, велат од Левица
Еден од најпознатите природни феномени во Македонија, локалитетот Куклица или „Камените кукли“, кај Кратово, повторно е во центарот на вниманието, откако граѓани објавија сведоштва за незаконска наплата за влез во локалитетот. Според Левица, овој локалитет, заштитен како природна реткост и препознатлив симбол на македонското природно наследство со години е оставен на милост и немилост на самоволие, узурпација и институционална негрижа. …
Continue Reading
Цаневска – Арсовска: Орце не одговори од каде го најде Марјан Цветковски за директор на Фондацијата „Скопје – Град на културата“
Орце Георгиевски го гази деловникот и ја замолкнува опозицијата, наместо дебата – монолог во Советот, обвини координаторката на советничката група на СДСМ во Град Скопје, Катерина Цаневска – Арсовска. „Она на што не сакаше да одговори Орце Георгиевски е од каде го најде Марјан Цветковски за нов директор на Фондацијата ‘Скопје – Град на културата’. Се работи за вечниот директор …
Continue Reading