Ако ЕУ има решение за Украина и Молдавија, лесно ќе најде и за нас, пoрача Сиљановска-Давкова во годишното обраќање
Вистинската пречка за нашиот европски пат не се копенхагенските критериуми, ниту реформите, туку прифаќањето решенија и услови што не се врзани со владеењето на правото. Во случајот со македонските евроинтеграции, проблемот не е административен, туку лежи во уставните амандмани, потенцира претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во годишното обраќање. Ние сме, додава таа, технички усогласен, но политички блокиран кандидат за членство, потсетувајќи на …
Continue Reading
(Видео) Филипче: Струјата поскапе поради катастрофалното менаџирање на ВМРО-ДПМНЕ
Претседателот на Социјалдемокрасткиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, во денешната изјава за медиуми во Собранието, посочи дека причината за зголемување на цената на струјата е катастрофалното менаџирање на енергетскиот систем во земјата од страна на Владата на ВМРО-ДПМНЕ. „Ништо не е постигнато од проекциите и задачите кои што оваа влада си ги дала сама на себе. Треба да се произведат …
Continue Reading
Сиљановска-Давкова: Кочани нè доведе до ѕидот на срамот, од овој процес ќе зависи дали судството ќе ја стекне, или трајно ќе ја изгуби довербата на граѓаните
2025 ќе остане врежана во нашите мисли и срца како година на ужасната трагедија во Кочани. Сите ние до крајот на животот ќе ја носиме траумата од трагедијата во која загинаа 63 наши сограѓани, синови и ќерки, родители и пријатели, истакна во годишното обраќање во Собранието, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. „Но, Кочани не беше само трагедија. Тој настан нè доведе до …
Continue Reading
(Видео) Филипче за изјавите на Ахмети: Ако мисли да ја растура Македонија како што се фали за Југославија тоа нема да му помине
Сметам дека тие барања на Али Ахмети се само за негово лично политичко поентирање. Ние имаме одличен соживот со сите наши сограѓани од сите националности во нашата партија, во раководството на партијата. Има луѓе од другите етнички заедници нашиот мултиетнички, мултикултурен карактер нема да се смени ниту пак се негува на тој начин којшто предлага господинот Ахмети, изјави лидерот на …
Continue Reading
ВМРО-ДПМНЕ: Имаме најниско покачување на струјата во Европа, СДС и Филипче треба да се извинат што го лажеа народот
Уште една лага на СДС распрсната, нема покачување на струјата како што тврдеа, имаме најниско покачување во Европа, велат од ВМРО-ДПМНЕ. СДС, додаваат од владејаќката партија, тврдеше дека државата ќе има поскапување на струјата од цели 5%. „Се потврди дека станува збор за уште една голема лага. Покачувањето е 2,28% и е најниско во Европа. Владата реши да ја субвенционира …
Continue Reading
(Видео) Манасиевски: Жерновски и Филипче се доказ дека во СДС нема нов почеток, туку кадри кои се симбол на неуспех, предавство и скандали
Кадри како Жерновски и Филипче се симбол на неуспех, предавства и скандали. Доказ за тоа дека во СДС нема нови лица, ниту пак некакви реформи е тоа што Андреј Жерновски е дел од раководството на Филипче. Прелетач од ЛДП во СДС на Заев, дојден за функција, истакна на прес-конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. Жерновски, како што вели …
Continue Reading
(Видео) Цветановски: Нема поголема минимална плата, доаѓаат „економски работници“
Сега на сите им е јасно дека поголема минимална плата нема да има. Владата на Мицкоски нема пари за минимална плата, нема пари ниту за земјоделците, ниту за пензионерите. Очигледно, сите ќе мора да се навикнат на тоа дека повисоки плати нема да има. Доаѓаат таканаречени „економски работници“, изјави Симона Цветановски од СДСМ. Таа вели дека според договорот што го објавиле …
Continue Reading
(Видео) Петрушевски: ЕСМ било третирано како партиски плен на СДС и ДУИ, затоа ќерката на Талат Џафери била дел од Надзорниот одбор
ЕСМ Снабдување со топлина, било третирано како партиски плен на СДС и ДУИ, затоа ќерката на Талат Џафери била дел од Надзорниот одбор, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Истиот оној Талат Џафери, кој СДС и ДУИ со две раце го гласаа, за да стане незаконски претседател на Собрание и неговата ќерка да биде изгласана да биде дел од Надзорниот …
Continue Reading
Мицкоски: Националната развојна стратегија 2024 – 2044 е документ кој ја дефинира визијата на државата во следните две децении
Премиерот, Христијан Мицкоски во својство на претседател на Националниот совет за развој, денеска да ја отвори четвртата седница на Советот, кој според него, како постојано советодавно тело на Владата, има исклучително значајна улога во обликувањето на долгорочната визија и развојниот пат на државата. „Националниот совет за развој, како носител на управувачката структура во рамки на Националната развојна стратегија, претставува уникатен …
Continue Reading