Стојаноски: Просечната нето-плата порасна за близу 8.000 денари за две години
Просечната нето-плата во Македонија е зголемена за близу 8.000 денари во период од две години, изјави на денешната прес-конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски. Тој посочи дека според официјалните податоци, во март 2024 година просечната нето-плата изнесувала 40.496 денари, додека во март 2026 година достигнала 48.433 денари. „Тоа значи дека за две години просечната нето-плата е зголемена за близу 8.000 …
Continue Reading
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче ги следи чекорите на Заев во однос на Бугарија
Не е тешко да се заклучи што Венко Филипче сака да постигне со неговата гласност за внесување на Бугари во Уставот, со оглед на тоа што СДС секогаш се движи по истата траекторија на национални отстапки, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение. „Последните уставни измени кои се случија беа за промена на името на државата, за што заслужен беше менторот на …
Continue Reading
СДСМ со критики за економските политики
СДСМ оцени дека наместо подобар животен стандард и повисоки плати, граѓаните во последните две години се соочуваат со економски проблеми и намалена куповна моќ. Од партијата тврдат дека платите не го следат растот на цените и дека за едно четиричлено семејство се потребни речиси 70.000 денари за покривање на основните трошоци. Според СДСМ, до јуни е потрошен речиси целиот планиран …
Continue Reading
Николоски: „Стража“ се заобиколува со новиот автопат, градежните работи во полн ек
Автопатот Гостивар -Букојчани на Коридор 8 се гради со силно темпо, напиша на својот фејсбук профил, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски и објави фотографии од изградбата. „Одличен напредок во изградбата на автопатот Гостивар – Букојчани (заобиколување на популарната Стража). Трасата се пробива со силно темпо, а истовремено се работи на поставување на столбовите за …
Continue Reading
(Видео) Мицкоски во понеделник на нова средба со претставници на маркетите, најави десеткратно зголемување на казните за нефер практики
Премиерот Христијан Мицкоски најави десеткратно зголемување на казните за маркетите кои применуваат нефер трговски практики, како и нов состанок со претставниците на маркетите и дистрибутерите на почетокот на следната недела. Одговарајќи на новинарски прашања, премиерот упати отворен повик до компаниите, дистрибутерите, добавувачите и производителите да ги пријавуваат сите манипулации на пазарот за државата да може соодветно да интервенира. „На почетокот …
Continue Reading
(Видео) Мицкоски најави пад на цените на горивата од понеделник – дизелот поевтин за 7, а бензинот за 4 денари
Премиерот Христијан Мицкоски очекува сериозно поевтинување на нафтените деривати во земјава веќе од следната недела. Според неговите проценки, во понеделник, кога Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) треба да ја донесе новата одлука, бензините би требало да поевтинат за околу 4 денари, додека цената на дизелот се очекува да падне за околу 7 денари по литар. „Ние правевме наши калкулации, малку …
Continue Reading
(Видео) Стојаноски: Македонија бележи раст од 7,6% на индустриското производство
Македонија бележи раст од 7,6 проценти на индустриското производство во 2026 година во споредба со претходната година, додека кумулативниот раст се наоѓа во позитивна зона од 0,2 отсто. Ова денеска на прес-конференција го соопшти пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, повикувајќи се на официјалните податоци на Државниот завод за статистика. Стојаноски потенцираше дека ваквиот резултат доаѓа во период кога голем дел …
Continue Reading
(Видео) Петрушевски: Филипче не се крие дека сака да дојде на власт за да изврши национално предавство
„Венко Филипче не само што не се разликува од Зоран Заев, туку е негова надградена верзија“ – ова денеска на прес-конференција го истакна пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски. Според него, за разлика од Заев кој пред да дојде на власт ги лажел граѓаните дека нема да го смени уставното име, Филипче уште отсега, од позиција на опозиција, отворено …
Continue Reading
ДОМ: Пред било какви законски измени за дата центрите потребна е целосна транспарентност и јавна дебата
Најавите на Владата за подготовка на нова законска рамка за изградба на дата центри отвораат сериозни прашања поврзани со енергетската политика, користењето на природните ресурси и долгорочниот јавен интерес, сметаат од ДОМ. „ДОМ смета дека пред да се пристапи кон измени на законите и создавање поволности за нови инвестиции јавноста има право да добие јасни одговори за ефектите што овие …
Continue Reading