(Видео) Во Карпош и Центар најголема излезност до 13 часот, а најмала во Сарај и Чаир, соопшти ДИК
За излезноста на гласачите за Град Скопје до 13 часот процентот на избирачи кои гласале на избирачките места од пристигнатите податоци до ДИК е 15,28%, односно на овие избирачки места гласале 71.849 гласачи, соопшти ДИК. „Вкупниот борј на избирачи запишани во избирачкиот список изнесува 474.304 гласачи а податоците што се пристигнати до ДИК се од 678 избирачки места, што во …
Continue Reading
До 11 часот гласале 10,1 отсто од избирачите, најмногу во Пробиштип, намалку во Сарај
Одѕивот до 11 часот на вториот круг од локалните избори изнесува 10,1 проценти. Според информациите на Државната изборна комисија, највисока е излезноста во Пробиштип каде гласале 22 проценти од избирачите, а висока излезност има и во Лозово и Крушево, 20 и 19 отсто. Најниска е излезноста во Сарај со 1,86 отсто и Чаир со околу 2 проценти. Излезеноста на гласачите …
Continue Reading
(Видео) МВР: Десет пријави за прекршување на изборниот молк, едно лице приведено во Шуто Оризари
За време на предизборниот молк регистрирани се 10 пријави за негово нарушување од кои по три на подрачје на СВР Скопје и СВР Охрид, две на подрачје на СВР Штип и по една на подрачје на СВР Тетово и СВР Битола. По преземени мерки не се потврдени пријавите за шест настани, соопшти МВР. „Покрај ова, регистрирани се 19 објави на …
Continue Reading
Четири општини останаа без гласање, повторени избори во рок од 60 дена
Денеска нема да се одржи гласање во општините Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, поради недоволна излезеност во првиот круг од локалните избори 2025. Во првиот круг излезеноста била: Гостивар – 33,31%, Маврово и Ростуше – 30,31%, Врапчиште – 25,18%, Центар Жупа – 21,49%, што е под законскиот минимум од една третина од запишаните гласачи. Според Изборниот законик, …
Continue Reading
Гласањето тече без проблеми, одѕивот до 9 часот е 2,88 отсто
Одѕивот во вториот круг од локалните избори до 9 часот изнесува 2,88 проценти, односно 22.379 гласачи, соопшти претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Борис Кондарко. Во Град Скопје одѕивот за избор на градоначалник е 2,46 отсто. Оценето е дека гласањето тече без проблеми, а единствениот застој бил забележан во Дојран, каде поради технички проблем со уред за биометриска идентификација имало …
Continue Reading
Отворени гласачките места, граѓаните избираат градоначалници во 32 општини и Град Скопје
Денеска во земјава се одржува вториот круг од локалните избори, на кои граѓаните избираат градоначалници во 32 општини и во Град Скопје. Право на глас имаат 1 013 375 избирачи, од кои 474 304 гласаат и за градоначалник на главниот град. Во првиот круг на 19 октомври беа избрани 44 градоначалници, а денеска се гласа во Центар, Карпош, Аеродром, Куманово, …
Continue Reading
ДИК: Без неправилности помина денешното гласање на болните и затворениците, резултатите ќе се бројат утре
Денес се спроведува гласањето на болните или немоќни лица, лицата кои се на издржување на казна затвор или се во притвор и лицата кои се пријавиле за гласање, а се сместени во установите за вонсемејна грижа. Гласањето на оваа категорија гласачи се одвива во општините каде се одржува вториот круг на локалните избори и Градот Скопје. Од вкупно 4.826 болни …
Continue Reading
ДИК: До 16 часот гласале повеќе од половина од пријавените болни и немоќни лица
Државната изборна комисија (ДИК) соопшти дека до 16:00 часот на вториот круг од локалните избори гласале 2.762 од вкупно 4.826 лица пријавени како болни или немоќни. Во 14 казнено-поправни установи, каде што право на глас имаат 1.256 лица кои издржуваат казна затвор или се во притвор, до 16:00 часот гласале 380 гласачи. Од 214 лица сместени во установи за вонсемејна …
Continue Reading
Непречено се одвива гласањето на болните и затворениците
Гласањето на болните и немоќните лица, лицата кои се во притвор или затвор, како и на граѓаните сместени во установи за вонсемејна грижа, денеска се одвива без потешкотии во сите општини каде што утре ќе се одржи вториот круг од локалните избори, соопшти Државната изборна комисија (ДИК). Од Комисијата информираат дека гласањето започнало во 7 часот изутрина и се спроведува …
Continue Reading