ЕУ го поздрави Договорот: Железницата меѓу Македонија и Бугарија ќе ја зајакне регионалната безбедност

Европската Унија го поздрави потпишувањето на Договорот за подготовка, изградба и оперативност на меѓуграничниот железнички тунел на Коридор 8 меѓу Македонија и Бугарија. На „Икс“ мрежата, претседателот на Европскиот Совет, Антонио Кошта напиша дека изградбата на железницата е потик во регионалниот развој и зајакнување на регионалната безбедност. „Го поздравувам потпишувањето на договорот за прекуграничниот тунел на Коридорот 8 меѓу Бугарија …

Continue Reading

Ѓорѓиевски за акцијата за чистење: Ова што вчера го почнавме не е маркетинг

Ова што вчера го почнавме не е маркетинг, туку да покажеме дека кога се сака – сѐ се може, вели градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, во врска со големата акција за чистење на Скопје, чиј почеток беше означен синоќа кај салата „Борис Трајковски“ а на која беа присутни градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ на скопските општини како и премиерот, Христијан Мицкоски. …

Continue Reading

Цвета корупцијата во земјоделието, дали и Трипуновски е замешан во шемата на неговиот директор Стоилев, прашуваат од СДСМ

Цвета корупцијата во земјоделието, дали и Трипуновски е замешан во шемата на неговиот директор Стоилев? Кога директор на државна институција, Илија Стоилев, кадар на ДПМНЕ е фатен со обележани банкноти за мито јасно е дека корупцијата во земјоделието цвета, истакнуваат од СДСМ. „Година и пол се зборува дека се бараат провизии, дека се задржуваат предмети, дека службеници трпат притисоци. Сега …

Continue Reading

Случајот Стоилев ја откри корупцијата во земјоделството преку ИПАРД програмите, велат од Левицата

Последниот случај со апсење на Илија Стоилев, директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ од Свети Николе под сомнение за земање мито, само ги потврдува гласините дека за добивање на средства од ИПАРД фондовите се бара поткуп, велат од Левица. „Стоилев е уапсен во акција што ја водеше Обвинителството за гонење …

Continue Reading

Филипче ја уништи СДС под диктат на Заев партијата е на раб на исчезнување, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Според ВМРО-ДПМНЕ, Венко Филипче е синoним за пропаста на СДС, по историскиот пораз каде партијата, како што велат, доживеа најтежок изборен дебакл и ја изгуби доминантната опoзициска позиција по што стана петта сила во Скопје, а трета на државно ниво. „Одговорноста за дебаклот на СДС има име и презиме, Венко Филипче, кој како лидер на СДС под менторство на Зоран …

Continue Reading

„Влен“: Почна вистинското чистење на Скопје од ѓубрето и старата политика

По месеци на давење на градот во лоша миризба, ѓубре, запуштеност и пропаганда, од коалицијата „Влен“ велат дека почнало вистинското чистење на главниот град и општината Чаир. Од партијата наведуваат дека акцијата не се однесува само на улиците, туку и на „целиот менталитет што го остави градот во хаос со години“. „Мирисот што доаѓаше од контејнерите беше ист како мирисот …

Continue Reading

Мицкоски: Македонија останува посветена на европскиот пат, но без двојни стандарди и политички притисоци

Македонија останува посветена на европскиот пат, но без двојни стандарди и политички притисоци, изјави премиерот, Христијан Мицкоски. Тој вели дека Годишниот извештај на Европската комисија за напредокот на земјата во процесот на пристапување во Европската Унија не е оценка за една година или за една влада, туку за континуитетот на реформските процеси, нивото на институционална зрелост и начинот на кој …

Continue Reading

Со букет цвеќе Ѓорѓиевски ја испрати Арсовска и ја презема градоначалничката функција

Со куса средба и букет свежо цвеќе заврши примопредавањето на должноста градоначалник на Град Скопје меѓу досегашната градоначалничка Данела Арсовска и новиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски. Ѓорѓиевски и подари букет со свежо цвеќе на Арсовска. Претходно, тој од Градската изборна комисија на Скопје го доби уверението дека е избран за прв човек на македонската метропола. Данела Арсовска денеска го заврши својот …

Continue Reading

(Видео) Јаревски: Стевчо Јакимовски е алиби мајстор кој се плаши од ревизија бидејќи е свесен дека ќе излезат на виделина злоупотребите што ги правел

Стевчо Јакимовски знае дека следи ревизија на неговата криминална работа и дека ќе излезат на виделина сите криминали кои ги правел, затоа плаче, наместо да честита. Стевчо Јакимовски е причината зошто Карпош e бетонска џунгла, во која интересот на граѓаните беше на последно место, истакна на прес-конференција Тони Јаревски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Стевчо Јакимовски по поразот кој го доживеа во …

Continue Reading