„Мицкоски по насилното укинување на техничката Влада, сега сака да воведе систем за масовна кражба на гласови“, велат од СДСМ

„По насилното укинување на техничката Влада, Христијан Мицкоски сака со сила да воведува автократски модели. Сега сака изборен закон со кој никој нема да контролира околу 200.000 гласови. Сака гласовите на дијаспората што ќе пристигнуваат преку интернет да немаат никаква контрола. Додека нашите граѓани кои гласаат во татковината минуваат сериозна контрола пред гласање – дури и отпечаток од прст, проверка …

Continue Reading

ВЛЕН ги потврди имињата: Шасивари, Ферати и Сулејмани се нови министри во Владата

ВЛЕН ги потврди имињата на новите министри кои се дел од реконструкцијата на Владата. За министер за правда е предложен универзитетскиот професор Џетон Шасивари, за министер за односи меѓу заедниците е предложен Агон Ферати, додека за министер за култура и туризам е предложен Седат Сулејмани. Во новиот владин состав продолжуваат да ги извршуваат своите функции Беким Сали како прв заменик-претседател …

Continue Reading

ВЛЕН: Воздушниот транспорт се модернизира со европски стандарди, Северна Македонија прва во регионот со најнапредна технологија

„Воздушниот транспорт во Северна Македонија бележи континуиран напредок преку инвестиции во безбедност, технологија и проширување на врските со нови дестинации. Кадрите на ВЛЕН во институциите покажуваат дека со работа и посветеност можат да се постигнат стандарди кои до вчера изгледаа недостижни“, велат од Влен. „Во таа насока, заменик-министерката за транспорт и врски, Калтрина Зеколи, учествуваше во ставањето во функција на …

Continue Reading

(Видео) Филипче: Од реконструкцијата граѓаните ќе добијат само нови имиња и голема нула

Од владината реконструкција граѓаните нема да добијат суштински промени, туку само нови имиња без резултати, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче, оценувајќи дека по две години владеење, Владата не покажа ниту капацитет, ниту знаење, ниту волја да одговори на економските и социјалните проблеми со кои се соочуваат граѓаните. Филипче на денешната прес-конференција, кажа дека досегашниот биланс на Владата е јасен …

Continue Reading

(Видео) Филипче: Нема да дозволиме изборен грабеж, ќе го блокираме Изборниот законик во ваква форма

СДСМ нема да дозволи носење на Изборниот законик во форма што отвора сериозни сомнежи за злоупотреби, нерегуларности и нарушување на легитимноста на изборниот процес, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција, нагласувајќи дека партијата ќе го блокира законот. „Токму овој начин на гласање на дијаспората, кој што го предлага Христијан Мицкоски да се имплементира кај нас, не е …

Continue Reading

ДПМНЕ свесно го минира Изборниот законик, за Левица да биде дискриминирана и замолчена, велат од оваа партија

Предлог-изборниот законик што ДПМНЕ се обидува да го протурка претставува опасен обид за ограничување на демократскиот простор и зачувување на изборното статус-кво кое со години им одговара на големите партии, ситакнуваат од Левица. Според нив, една од скандалозните новини е и членот 76-ѓ, со кој се предвидуваат глоби до 8.000 евра за содржини објавени на социјалните мрежи за време на …

Continue Reading

СДСМ тврди дека Лукровски сакал да поднесе оставка, но Мицкоски не му дозволил

Сотир Лукровски соопшти дека повторно е градоначалник на Општина Карпош. По речиси два месеци отсуство, се врати на функцијата. Според сите информации што излегоа во јавноста, Лукровски сакаше да поднесе оставка. Сакаше да си замине, но Мицкоски не дозволи, тврдат од СДСМ. „Но, организираната криминална група ВМРО и нејзиниот шеф Христијан Мицкоски не му дозволија. Партијата вложи огромни напори и пари …

Continue Reading

Мицкоски: По истекот на мандатот се враќам на факултет, нема да се кандидирам за шеф на државата

Премиерот, Христијан Мицкоски, денеска изјави дека нема да се кандидира за претседател на државата на изборите во 2029 година. Исто така, кажа дека кога ќе му заврши мандатот како претседател на Владата, ќе се врати на својата професорка професија. „Кога ќе ми заврши мандатот како претседател на Владата, се враќам на факултет меѓу студентите. Немам таква амбиција, ниту желба. Нека …

Continue Reading

(Видео) Манасиевски: СДС и Левица здружено со десетици илјади амандмани го блокираат Изборниот законик

СДС и Левица здружено со десетици илјади амандмани го блокираат Изборниот законик, кој претходно со месеци го договараа, истакна на прес-конференција Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. Катастрофалниот резултат кој ќе го имаат и СДС и Левица на следните избори, како и успехот на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во делот на реализација на Реформската агенда и повлекување на средствата од Планот …

Continue Reading