Законите за коридорите 8 и 10д по скратена постапка и со европско знаменце денеска на собраниска седница

Собранието денеска треба да ја започне 115. седница на која треба да ја утврди потребата за носење на неколку закони поврзани со изградбата на коридорите 8 и 10д. На дневен ред на седницата се Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на …

Continue Reading

Началникот на ГШ Ѓурчиновски на конференција на Воениот комитет на НАТО

Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски денеска во седиштето на НАТО во Брисел ќе учествува на редовнaта конференција на Воениот комитет на НАТО во формат на началници на генералштабови, на која ќе се дискутира за повеќе стратешки прашања од значење за Алијансата. За време на престојот во Брисел, генералот Ѓурчиновски ќе го посети военото претставништво на Република Северна …

Continue Reading

Седница на Уставен суд

Уставниот суд денеска ќе ја одржи 18. седница на која треба да расправа за неколку иницијативи за оценување на уставноста и барања за заштита на слободите и правата. Меѓу другото треба да расправа за иницијативата на Светскиот македонски конгрес за оспорување на член 110 од Законот за Јавното обвинителство, а во врска со постапувањето во однос на незаконски прислушуваните материјали …

Continue Reading

Османи во посета на Ирска

По работната посета во Соединетите Американски Држави, министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска ќе престојува во Ирска. Тој во Даблин ќе има средба со заменик претседателот на Владата, министер за надворешни работи и министер за одбрана на Ирска, Михол Мартин. Покрај средбата со Мартин, на агендата на Османи е и средбата со државниот министер за европски прашања Петер Бурк. …

Continue Reading

Џафери се обрати пред учесниците на Конференцијата во Охрид, Спасовски организираше свечена вечера

– Претседателот на Собранието, Талат Џафери, вечерва имаше обраќање пред учесниците на 50-тата Европска регионална конференција на Интерпол во Охрид, организирана во рамки на одбележувањето на стогодишнината од основањето на Интерпол и 30 години од зачленувањето на Р.С. Македонија во светското полициско семејство. Џафери истакна дека одржувањето на конференцијата во Охрид е знак на силна поддршка и доверба во Министерството …

Continue Reading

СДСМ: Европските стандарди и вредности ги носиме дома

– Tеренските активности на СДСМ под слоганот „Рамо до рамо, до победа“ денеска се одржаа во Кавадарци, Демир Хисар, Лозово, Свети Николе, Велес и Неготино. Од Велес, Неготино и Лозово беше испратена пораката дека се инвестира во инфраструктурата, како и дека се води вистинска грижа за земјоделците и работниците, а од Демир Хисар, Кавадарци и Свети Николе дека европските стандарди …

Continue Reading

Мицкоски од Тетово: Време е ДУИ да оди во пензија и во опозиција

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски во Тетово се обрати на трибина на тема „Социјални политики против иселување и сиромаштија” која се организираше во рамки на партиската акција „Ова е Македонија за сите“. Мицкоски го почна говорот велејќи дека за Тетово на национално ниво се зборува тогаш кога има вести од црната хроника, како случајот кога изгоре болницата или кога …

Continue Reading

Шаќири: До петок конкретни препораки, стручните соработници во школите ќе се организираат на ниво на општини

– Повеќе од 15 меилови, меѓу кои конкретни предлози од наставници и родители, пристигнале на електронската адреса за пријавување насилство во училиштата, соопшти вечерва министерот за образование и наука Јетон Шаќири. Шаќири најави дека до петок ќе бидат соопштени препораки со конкретни чекори како да се постапува во одредени ситуации согласно постојните закони. Стручните соработници во училиштата, пак, педагози, социолози …

Continue Reading

Ковачевски: Ја вративме државата на вистинскиот пат, станавме членка на НАТО и почнавме преговори со ЕУ

 – Нашите стратешки цели се конкретни и јасни. Станавме членка на НАТО, до 2030 да станеме членка на ЕУ. Добро е да се има одредница која ќе служи како водилка и мотивација да се движиме по зацртаната траекторија, истакна премиерот Димитар Ковачевски во обраќањето на престижниот универзитет Џон Хопкинс во Вашингтон на тема „Неодложна потреба за економски развој на Балканот“. …

Continue Reading