Ковачевски: Ја вративме државата на вистинскиот пат, станавме членка на НАТО и почнавме преговори со ЕУ

kovacevski_23423432423
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 – Нашите стратешки цели се конкретни и јасни. Станавме членка на НАТО, до 2030 да станеме членка на ЕУ. Добро е да се има одредница која ќе служи како водилка и мотивација да се движиме по зацртаната траекторија, истакна премиерот Димитар Ковачевски во обраќањето на престижниот универзитет Џон Хопкинс во Вашингтон на тема „Неодложна потреба за економски развој на Балканот“.







– Македонските граѓани сакаат да живеат во ЕУ, но дома, во Северна Македонија. ЕУ е визијата за подобар стандард, за подобри и повисоко платени работни места, за европски, западни вредности, дома, порача Ковачевски.

Посочи дека Северна Македонија од осамостојувањето до денес со храбри политики пребродувала многу предизвици, а во изминативе шест години Владата понуди водство  и решенија и силно застана зад интересите на државата, на граѓаните, на иднината на млади, на идните генерации.

– Во шест кратки години од заробена држава затоа што 11 години имавме влада којашто беше популистичка и којашто не носеше одлуки за земјата да напредува, сè беше насочено кон зборување за минатото и знаете за политичарите секогаш е најлесно да зборуваат за минатото, затоа што кога зборувате за минатото тогаш не ветувате ништо, просто играте на емоционалните чувства на гласачите и граѓаните. Никогаш не ми се допаѓале политичари коишто зборувале за минатото. Ние започнавме да работиме и да зборуваме за иднината и затоа во шест години од заробена држава станавме земја којашто е членка на НАТО и сега ја согледуваме вредноста да се биде членка по војната во Украина. Потоа започнавме преговори со ЕУ, претседаваме со ОБСЕ, ова е најголемата безбедносна организација во Европа и тоа е последната организација кадешто сè уште постои дијалог со Русија. Северна Македонија претседава со таа организација токму во оваа 2023 година и ние сме првата земја којашто отвори стратешки дијалог со САД, рече Ковачевски.

Qëllimet tona strategjike janë specifike dhe të qarta. U bëmë anëtare e NATO-s, për t'u bërë anëtare e BE-së deri në vitin 2030. Është mirë të kemi një pikë referimi që do të shërbejë si udhë

Северна Македонија, посочи премиерот, е многу уникатен пример за тоа како преку дипломатија и отворен дијалог се решаваат отворени прашања.

– Овие отворени прашања ги викам идентитетски прашања, ако ги погледнеме сите конфликти коишто се случија во државите на поранешна Југославија, а кога ќе ја видиме и бруталната агресија низ Украина, тука повторно се работи за идентитетска агресија, а Северна Македонија докажа дека постои модел на дипломатија со којшто овие идентитетски прашања можат да бидат решени и затворени. Ние го решивме спорот со Република Грција, тоа не беше лесна одлука затоа што со цел да станеме членка на НАТО ние моравме да го промениме името на државата а тоа е крајната тешка и мачна одлука што некој ја направил во историјата. Исто така имавме два тешки круга на преговори со соседна Бугарија, прво да дојдеме до Договорот за добрососедски односи, а второ да се договориме за преговарачката рамка со 27 земји членки на ЕУ. Тоа исто така вклучуваше и многу важни работи коишто требаше да бидат решени токму внатре во овие договори. Овие преговори коишто јас ги предводев минатата година беа навистина тешки затоа што низ нив имавме јасна цел што требаше да ја постигнеме. Првото секако го постигнавме, македонскиот јазик да стане службен јазик на ЕУ, без никакви додавки, фусноти, објаснувања. Второ дека идентитетот на македонскиот народ вклучително и неговата култура како и сите елементи на нашето наследство ќе станат дел од целиот тој мозаик на ЕУ и на нејзините нации. Ова беа двете важни прашања коишто ги постигнавме вклучително и почетокот на преговорите со скрининг процесот. Од друга страна ќе мора да вклучиме дел од бугарскиот народ заедно со дел од Хрватите, Црногорците и Евреите кои живеат во земјата во преамбулата на нашиот Устав затоа што веќе имаме делови од други нации како што се Албанци, Роми, Бошњаци, Срби, Власи и коишто веќе се дел од нашиот Устав, нагласи Ковачевски.

Тој потсети и на 2001 година и Охридскиот рамковен договор кој, како што наведе, ја даде внатрешната стабилност на државата.

– Сега малцинските права во Северна Македонија би рекол се уредени на највисокото ниво споредено со било која друга држава во Европа, па дури и надвор од Европа. А зошто е ова важно? Затоа што тоа ни овозможува внатрешна стабилност на државата, кажа Ковачевски.

Тој посочи и дека во еден многу тежок период, прво со пандемијата, а сега и војната во Украина, има највисоко ниво на странски директни инвестиции во државата – над 700 милиони евра, а лани во најтешката година имаше највисоки државни буџетски инвестиции во земјата – 465 милиони евра.

Владата, како што рече, презема мерки и во врска со инфраструктурата и од единствените досега транспортни врски од коридорот 10 од север кон југ, автопат Белград – Скопје, Солун – Атина, почнува со изградба коридорот 8 којшто се движи во насока исток – запад.

– Сега со закон усвоен во Собранието ќе градиме нов автопат кон границата со Албанија и тој ќе биде изграден од американско-турскиот конзорциум Бехтел и Енка којшто ќе ја поврзува земјата со запад. Исто така веќе градиме експресен пат кон Бугарија како и железница кон Бугарија. Веќе започнавме со тоа, повеќе од половина милијарда евра инвестиција сè со цел да имаме комуникација на коридор 8. Зошто е ова важно? Досега зависевме само од пристаништето во Солун. Со коридор 8 земјата ќе може да стигне до пристаништето во Драч во Албанија и пристаништето во Бургас во Бугарија. Јас вака ја смислив таа реченица и гледам дека на многу луѓе им се допаѓа. Ако сте во центарот на даден простор како што е Северна Македонија во центарот на Балканот, ако немате инфраструктура, тогаш ќе бидете само обиколница, но ако имате инфраструктура тогаш ќе бидете крстопат. И практично со овој коридор 8 ние ќе станеме вистински транспортен крстопат и коридор на Балканот. Не само на Западен Балкан, рече Ковачевски.

Осврнувајќи се на односите со САД, како стратешки партнер, премиерот нагласи дека од првиот ден на независноста на Северна Македонија тие се најважни за нашата држава.

– Имав средба со државниот секретар господин Блинкен, многу успешен состанок каде што беше потврдена силната поддршка на САД за евроинтеграциите на Северна Македонија. Ова за нас е многу важно затоа што таквата јасна порака им порачува на сите наши партнери во ЕУ, но им порачува и на сите политички партии во државата коишто поради различни причини не даваат поддршка на патот кон ЕУ. Нема алтернатива за земјата освен да стане членка на ЕУ и никој никогаш не предложил некоја поинаква алтернатива, освен некој политички партии што се финансирани од Русија, рече Ковачевски.

Зборувајќи за новата енергетска ситуација во Европа и во регионот, тој кажа дека по погрешната одлука на Русија да ја нападне Украина, инфраструктурата во која беа инвестирани  милијарди евра како Северен тек, Дружба и други гасоводи кои што снабдуваа енергија од исток кон запад, сега стана бескорисна.

– Сега ние во Европа мора да градиме нова инфраструктура којашто ќе снабдува гас и нафта од југ кон север, од север кон југ и од запад кон исток. Ние сме дел од коридорот од југ кон север и затоа веќе започнавме со процедурите и до крај на годината ќе започнеме со изградба на нов гасовод меѓу Грција и Северна Македонија којшто ќе биде поврзан со новиот терминал којшто се гради во Грција. Тоа ќе биде терминалот во Александруполи. Веќе постои еден, а ќе има уште два други коишто ќе бидат изградени во Волос и во Пиреја. Исто така Албанија има дискусии да изгради терминал на едно од нивните пристаништа веројатно Драч или Валона. Сеуште не е одлучено. И покрај тоа што досега имавме еден интерконектор за гасот од Гаспром од Русија сега ќе имаме нов интерконектор на којшто ќе бидат поврзани Србија, Косово и други земји, рече Ковачевски.

Тој истакна и дека ситуацијата во регионот на Блаканот сега е значително подобрено – Словенија, Хрватска, Црна Гора, Северна Македонија, Албанија, Бугарија се дел од НАТО. Словенија, Хрватска, Бугарија станаа членки на ЕУ. Црна Гора, Албанија, Северна Македонија, Србија преговараат со ЕУ. Грција е членка на НАТО и на ЕУ.

– Пејзажот се промени на подобро. Регионалната соработка е навистина мошне важна на Балканот и затоа покрај европските интеграции ние исто така имаме и регионални иницијативи кои се градат на истата основа како и ЕУ. Тоа е слободно движење на луѓе, стоки, капитал и услуги. Берлинскиот процес е важен затоа што ги вклучува сите држави на Западен Балкан и ние навистина сме горди што договорите беа потпишани, а тие договори се во рамки на взаемно признавање на универзитетите и универзитетските дипломи и други нетарифни прашања. Земјата депонент на овие договори е Северна Македонија. Ова уште еднаш докажува дека големите и тешки одлуки коишто се носат на крајот се исплатат. Секако тука е и иницијативата Отворен Балкан, иницијатива којашто е органска и која се заснова на четирите слободи на Европа. И тоа е оригинална идеја меѓу Србија, Албанија и Северна Македонија, посочи Ковачевски.

На крајот од обраќањето на универзитетот Џон Хопкинс тој порача дека Северна Македонија има многу јасна визија за интеграција кон ЕУ, има јасен план за диверзификација на енергијата, за изградба на патна инфраструктура кон истокот и кон западот, јасно ја усогласи надворешна политика со онаа на ЕУ и започна со преговори со ЕУ, успешно претседава со ОБСЕ, и  до крајот треба да ја донесе одлуката за уставните измени за што има силна и неприкосновена поддршка од државниот секретар на САД и неговиот тим.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK