Претставката на Антикорупциска за Груби не е стигната кај вицепремиерката за политики за добро владеење

Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска ја нема добиено претставката од Антикорупциската комисија за вицепремиерот за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби кој службените простории ги користеше за партиски цели. Во изјава за медиумите, Грковска денеска најави дека штом ја добијат претставката, по неа ќе биде постапено како и со сите претставки досега, врз основа …

Continue Reading

Георгиев: Овој состав на Судскиот совет ќе биде исклучително транспарентен

Судски совет со мене како претседател ќе покаже дека ќе ја зголемува транспарентноста и отчестноста во работата на Судскиот совет, изјави пред почетокот на денешната седница претседателот на Судскиот совет Сашко Георгиев. -Вчера со реакција се јави ЗНМ дека неоправдано биле отстранети камерите, но јавноста беше присутна преку новинарите, невладините, но заради големиот број на присуство на камери, стручните служби …

Continue Reading

Синдикатот на ДИЦ на средба со вицепремиерот Битиќи

Синдикатот на Државниот испитен центар (ДИЦ) попладне во Владата ќе има средба со вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи за барањето за поголеми плати за 29-те вработени и согласност за нивниот колективен договор, откако завршиле без договор средбите што ги имаа со претставници на Министерството за финансии. Синдикатот е во штрајк 15 дена и ги стопираше сите процеси за кои …

Continue Reading

Тренчевска: Еднаквите можности, пристапот до пазарот на труд, праведни услови за работа и инклузивност се во сржта на националните политики и законодавство

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска е во работна посета на Брисел по повод одржувањето на билатералниот скрининг состанок за Поглавје 3.19 – Вработување и социјална политика, кое е дел од Кластерот 3 Конкурентност и инклузивен раст. Состанок, како што соопштија од Министерство за труд и социјална политика, почнал со тема „Европскиот столб на социјални права“, на …

Continue Reading

Ковачевски – Бојл: Македонија останува стабилен стратешки партнер и докажан сојузник на САД

Македонија изминатите години донесе повеќе мудри и храбри одлуки кои овозможија одржување на долготрајната стабилност, европската и евроатлантска интеграција, и преку кои се покажа дека земјата може да функционира како вистинска мултиетничка демократија, е заклучено на средбата меѓу премиерот Димитар Ковачевски, кој е во работна посета на Вашингтон, со конгресменот Брендан Бојл од Пенсилванија. На средбата, како што соопшти владината …

Continue Reading

Ковачевски-Дингел: Целосна поддршка за Македонија во евроинтегративниот процес кој ќе овозможи безбедност, стабилност и економски развој

Целосна поддршка за Северна Македонија во евроинтегративниот процес кој ќе овозможи безбедност, стабилност и економски развој Скопје, 10 мај 2023 (МИА) – Премиерот Димитар Ковачевски во Вашингтон се сретна со демократската конгресменка Деби Дингел од Мичиген. На средбата, двајцата соговорници ја поздравија и ја потенцираа долгата и важна врска меѓу Северна Македонија и САД. Премиерот Ковачевски ѝ се заблагодари на …

Continue Reading

Ковачевски – Марфи: Македонија е фактор на стабилност во регионот, ценет партнер и сојузник на САД

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, за време на работната посета на Вашингтон имаше средба со демократскиот сенатор Крис Марфи. Беа разменети мислења за севкупната соработка меѓу двете држави, за европските аспирации на Северна Македонија и за состојбите во поширокиот регион, и како истите влијаат на иднината на Западен Балкан, соопшти владината прес-служба. Премиерот изрази благодарност за …

Continue Reading

Петровска: Пратениците мора да покажат политичка зрелост за уставните измени

Уставните измени се прашање на покажување политичка зрелост, бидејќи се одлуки што се особено важни за иднината на државата, вели министерката за одбрана на Северна Македонија, Славјанка Петровска во разговор со дописничката на МИА од Атина. Петровска учествува на Меѓународниот саем за одбрана и безбедност DEFEA 2023, што се одржува во Атина. На маргините на саемот се сретна со нејзиниот …

Continue Reading

Делегација на Пратеничката група на Парламентот на Австрија во посета на Собранието

Во посета на Собранието денеска ќе биде делегација на Пратеничката група на австрискиот Парламент за соработка со Парламентот на Република Северна Македонија. Членовите на делегацијата ќе се сретнат со претседателот на Собранието Талат Џафери, со претседателот и членовите на Пратеничката група за соработка со австрискиот Парламент, како и со претседателот на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободата и правата …

Continue Reading