Пратениците ја усвоија потребата по скратена постапка да се донесат неколку закони поврзани со изградбата на коридорите 8 и 10д

Пратениците на денешната 115. седница ја изгласаа потребата по скратена постапка да се донесат неколку закони поврзани со изградбата на коридорите 8 и 10д. Пратениците ги усвоија предлог законите, чиј предлагач е Владата, за изменување и дополнување на Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (делница: …

Continue Reading

Спасовски – Ел-Рајси: Високо ниво на билатерални односи и пријателство меѓу Република Македонија и Обединетите Арапски Емирати

Во Министерството за внатрешни работи денеска министерот Оливер Спасовски оствари билатерална средба со генерал мајор во МВР на Обединетите Арапски Емирати, Ахмед Насер Ел-Рајси. Билатералната средба во својство на генерал мајор во МВР на ОАЕ, соопштија од МВР, произлезе од учеството и отворањето на Ел-Рајси на 50. Европска Регионална Конференција на ИНТЕРПОЛ, што се одржа во периодот од 08 до …

Continue Reading

Мицкоски: Ќе испратиме допис до амбасадите на земјите членки на ЕУ и до ЕК за злоупотребата на европското знаменце

ВМРО-ДПМНЕ и пратеничката група ќе упатат допис до сите институции и до амбасадите во државава на земјите членки на ЕУ и до Европската комисија (ЕК) за злоупотребата на европското знаменце при носење на законските измени за коридорите, информира денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски при денешната посета на општина Велес. Мицкоски вели дека чека реакција од страна на канцеларијата на …

Continue Reading

Средба на претседателот на Собранието Џафери со Пратеничката група за соработка од Австрија

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска имаше средба со делегацијата на Пратеничката група на Парламентот на Австрија за соработка со Собранието на Република Северна Македонија. Џафери изразил лично задоволство од средбата, при што се заблагодарил и за постојаната поддршка на Австрија за Република Северна Македонија. Како што соопштија од собраниската прес-служба, Џафери истакнал дека билатералните односи помеѓу двете земји се …

Continue Reading

Средба Лога – Јолевски: Советот на јавни обвинители бара поголеми надлежности

Министерот за правда Кренар Лога денеска одржа работна средба со претседателот на Советот на јавни обвинители Антонио Јолевски на која се разговараше за актуелните состојби во јавнообвинителскиот и судскиот систем. Јолевски побара во Стратегијата за реформи во правосудниот систем 2023-2027 година да се зголеми надлежноста на Советот на јавни обвинители во делот на одговорноста и во упатувањето на јавните обвинители. …

Continue Reading

Грковска: Напредокот во дигитализацијата не е воедначен кај институциите и општините, само со сеопфатен стратешки пристап ќе се обезбеди исполнување на целта

Свесни сме дека напредокот на ова поле не е воедначен, некои институции се многу напред во користењето на новите технологии за да ја унапредат својата работа, за разлика од некои коишто се се уште на почеток. Токму затоа е важен е стратешки пристап во која сите делови од системот ќе се придвижат напред и ќе се модернизираат и само со …

Continue Reading

МОН: Целото општество да се вклучи во превенцијата и надминувањето на појавите на насилство

Министерството за образование и наука е посветено на борбата против насилството во училиштата, затоа што веруваме дека образовните установи треба да ги градиме како сигурни места, каде децата и младите безбедно учат и се дружат. Секое дете има право да оди на училиште и да учи, без страв. Ги повикуваме наставниците, стручните соработници, родителите и другите учесници во образовниот процес …

Continue Reading

Османи пред ирските пратеници: Повеќе интеграција пред членството во ЕУ за поголема кредибилност на процесот

Во рамки на работната посета на Ирска, министерот за надворешни работи Бујар Османи имаше обраќање пред Комитетот за ЕУ прашања во ирскиот Парламент. Османи ги брифираше ирските пратеници, членови на Комитетот за ЕУ прашања, за евроинтегративен процес на Северна Македонија, потсетувајќи дека во изминатите речиси две децении, државата е докажан и веродостоен партнер на Унијата, со стопроцентна усогласеност со Заедничката …

Continue Reading

Кавески: Силна поддршка од САД за членството во ЕУ, само Мицкоски и Апасиев се против

Силна поддршка доби земјава од нашиот најважен и најголем сојузник САД, за време на посетата на претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски и средбите со високите државни претставници на Соединетите држави. САД биле и остануваат најважниот и најголем сојузник на нашата држава, кој го цени придонесот на Северна Македонија во зачувувањето на регионалната, но и на глобалната безбедност и …

Continue Reading