Ковачевски – Бојл: Македонија останува стабилен стратешки партнер и докажан сојузник на САД

kovachevski
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Македонија изминатите години донесе повеќе мудри и храбри одлуки кои овозможија одржување на долготрајната стабилност, европската и евроатлантска интеграција, и преку кои се покажа дека земјата може да функционира како вистинска мултиетничка демократија, е заклучено на средбата меѓу премиерот Димитар Ковачевски, кој е во работна посета на Вашингтон, со конгресменот Брендан Бојл од Пенсилванија.







На средбата, како што соопшти владината прес-служба, премиерот го поздрави силниот фокус на САД кон регионот на Западен Балкан при што Ковачевски изрази уверување дека со заемни напори може да се создаде пријатна средина за инвестирање и креирање работни места во регионот, особено за младите луѓе, а во меѓувреме да се нудат можности за инклузивен, транспарентен економски раст, повисоки нивоа на трговија и директни инвестиции.

Премиерот се заблагодари на конгресменот Бојл за неговата поддршка на земјата во носењето на најважните одлуки во изминатиот период и гласната поддршка во Претставничкиот дом за нашата евро-атлантска интеграција.

Конгресменот Бојл ја нагласи целосната поддршка за следните чекори на Северна Македонија во евроинтегративниот процес, како и за заложбите за севкупен развој на регионот. Како долгогодишен пријател на Северна Македонија, Бојл посочи дека е навистина горд на влијанието кое што го има македонската заедница во САД, стои во владиното соопштение.

Ковачевски на средбата истакна дека Северна Македонија останува стабилен, стратешки партнер и докажан сојузник на САД, билатерално и во НАТО, фокусирана на заедничката посветеност кон безбедност, слобода и демократски просперитет, како и на заедничките активности во борбата против тероризам и други закани по светскиот мир и стабилност, додаваат од Владата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK