Средба на претседателот на Собранието Џафери со Пратеничката група за соработка од Австрија

dzaferi
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска имаше средба со делегацијата на Пратеничката група на Парламентот на Австрија за соработка со Собранието на Република Северна Македонија.







Џафери изразил лично задоволство од средбата, при што се заблагодарил и за постојаната поддршка на Австрија за Република Северна Македонија.

Како што соопштија од собраниската прес-служба, Џафери истакнал дека билатералните односи помеѓу двете земји се одлични и се надева дека овие средби на парламентарно ниво ќе придонесат кон понатамошно развивање на истите.

– Во продолжение, го објасни процесот на интеграцијата на нашата земја во ЕУ искажувајќи надеж дека до наесен оваа година ќе се најде потребниот консензус во Собранието за усвојување на уставните измени кои се услов за конкретното отворање на преговорите на Северна Македонија со Европската унија, се наведува во соопштението.

Претседателката на Групата за соработка од Австрија, Штефани Криспер, се заблагодарила за приемот и изразила подготвеност од страна на групата за соработка за интензивирање на парламентарните односи помеѓу двете држави

Таа се осврнала и на евроинтегративниот процес на Северна Македонија и истакнала дека, покрај уставните измени, во овој процес се многу важни реформите што се спроведуваат во државата со што земјата ќе биде поатрактивна за странските инвестиции.

Во дискусијата се вклучиле и други пратеници од Групата за соработка на Австрија кои изразиле интерес за функционирањето на меѓу партиската соработка во Собранието, особено за процесот на Дијалогот Жан Моне.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK