Кавески: Силна поддршка од САД за членството во ЕУ, само Мицкоски и Апасиев се против

kaevski
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Силна поддршка доби земјава од нашиот најважен и најголем сојузник САД, за време на посетата на претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски и средбите со високите државни претставници на Соединетите држави.







САД биле и остануваат најважниот и најголем сојузник на нашата држава, кој го цени придонесот на Северна Македонија во зачувувањето на регионалната, но и на глобалната безбедност и стабилност како членка на НАТО, но и како земја претседавач со ОБСЕ.

Сето тоа е потврда за успешните државнички политики на СДСМ и претседателот Ковачевски и мотив плус, соработката со стратешкиот партнер САД, дополнително да се интензивира.

Исклучително важна за нас е пораката дека САД силно ќе ја поддржат европската иднина на земјава, реформите и чекорите за полноправно членство во ЕУ.

Оваа порака доаѓа во период кога веќе успешно тече скрининг процесот а потребни се чекори во македонското Собрание за продолжување на преговорите со ЕУ до полноправно членство.

Веќе е формирана и експертска работна група за текстот на амандманите за потребните уставни измени како еден од чекорите.

И додека поддршката за продолжување на европскиот пат доаѓа од најважните стратешки партнери и сојузници на земјава, дома, на македонската политичка сцена против ЕУ се само Христијан Мицкоски и Димитар Апасиев.

Коалицијата ВМРО-ДПМНЕ – Левница се единствените кои се против ЕУ и европската иднина на државата и нејзините граѓани.

Во заложништво на Апасиев, Мицкоски, со него се натпреварува како да го закочи патот кон ЕУ и кој поголема штета ќе предизвика на државата, на идните генерации.

СДСМ заедно со граѓаните, заедно со сите проевропски партии во земјата тоа нема да го дозволи.

СДСМ е предводник на проевропската коалиција и во иницијативата да се направат сите неопходни реформи за да го продолжиме патот кон Европа.

Деструкциите на двоецот Мицкоски-Апасиев повторно ќе бидат поразени.

Прес-конференција, Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK