Средба Лога – Јолевски: Советот на јавни обвинители бара поголеми надлежности

loga-jolevski
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерот за правда Кренар Лога денеска одржа работна средба со претседателот на Советот на јавни обвинители Антонио Јолевски на која се разговараше за актуелните состојби во јавнообвинителскиот и судскиот систем.







Јолевски побара во Стратегијата за реформи во правосудниот систем 2023-2027 година да се зголеми надлежноста на Советот на јавни обвинители во делот на одговорноста и во упатувањето на јавните обвинители. Се предлага Советот да има можност да поднесува предлог за поведување дисциплинска постапка, соопшти Министерството за правда.

Министерот Лога посочи дека ваквите предлози ќе бидат разгледани при изготвувањето на Стратегијата. На состанокот се дискутираше и за подобрување на АКМИС и Кејс менаџмент системот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK