Пратениците ја усвоија потребата по скратена постапка да се донесат неколку закони поврзани со изградбата на коридорите 8 и 10д

sobranie
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Пратениците на денешната 115. седница ја изгласаа потребата по скратена постапка да се донесат неколку закони поврзани со изградбата на коридорите 8 и 10д.







Пратениците ги усвоија предлог законите, чиј предлагач е Владата, за изменување и дополнување на Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и Коридорот 10 д (делница на автопатот Прилеп– Битола) во Република Северна Македонија, по скратена постапка, како и измените и дополнувањата на Законот за урбанистичко планирање, Законот за градење, Законот за експропријација и на Законот за работните односи, сите по скратена постапка.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски рече дека владејачкото мнозинство со усвојување на овие предлог закони на Владата, го крши највисокиот акт во државата, заедно со Деловникот на Собранието.

-Денеска пред нас се наоѓаат пет закони кои се однесуваат на изградбата на коридорите 8 и 10д, на кои оваа Влада се одлучи по којзнае кој пат да го злоупотреби европското знаменце. Ова значи дека сега ќе имаме опструирана дебата како и ограничена амандманска расправа по овие закони. Ова е предвидено со членот 135 од Деловникот при што треба да се наведат податоци за изворниот акт на ЕУ со полн назив, како и изјава за усогласеност. Потпис на надлежниот министер, како и јасно наведување на правниот акт на кој се однесува извршеното усогласување. Тоа го немаме. Празни се коресподентните табели. Ништо од ова не постои во содржината на законите и токму поради овие неправилности требало овие закони да бидат вратени на владина седница, а не да продолжат со продолжена процедура по истите, оцени Мицевски.

Тој побара согласно членот 136 претседателот на Собранието и во оваа фаза да ги врати овие закони и да побара од предлагачот да ги усогласи одредбите.

Борислав Крмов од Левица се обрати процедурално по повеќе членови. Според него некои закони намерно се чуваат во фиока, а некои со кршење на Деловникот доаѓаат на седница.

Павле Трајанов од Демократскиот сојуз се повика на повеќе членови од Деловникот за работа на Собранието , бидејки, како што рече, точките што се предлагаат на седницата се спротивни на член 135.4, член 136, член 170, 171….

-На оваа сеница Владата предлага 5 закони со европско знаменце, а никаде не видовме дека има усогласување на домашното законодавство на овие закони со законодавството на ЕУ. Се работи за да се покријат коруптивините договори на договорот постигнат со „Бехтел и Енка“ и во суштина овие 5 закони се закони за амнестија на Договорот со „Бехтел и Енка“, зборуваме за коруптивните елементи. Се случлва институционален криминал Парламентот да ги покрие криминалните дејствија, што ќе резултираат со имплементација на договорот, рече Трајанов.

Маја Морачанин од ДОМ рече дека не е прифатливо овие пет закони да бидат усвоени и разгледувани со европско знаменце бидејќи не се врши усогласување на законската регулатива со европското законодавство.

Претседателот на Собранието Талат Џафери даде пауза до 15:30 часот.

Овие закони, како што предложи Владата која е предлагач, ќе се разгледуваат на Комисијата за европски прашања односно тие се со европско знаменце.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK