Седница на работната група за подготвување на предлог-иницијативата за уставни измени

sednica
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Работната група за подготвување на предлог-иницијативата за потребата од измени на Уставот денеска ќе одржи седница.







Седницата е закажана за 14:30 часот во Владата, а по нејзиното завршување е предвидена изјава од претседателката на работната група Маргарита Цаца Николовска.

Претходната седница се одржа завчера, а се дискутираше за деловникот, методологијата и начинот на работа. Како што изјави тогаш Николовска, изготвувањето на деловникот за работа и денеска треба да биде на дневен ред.

-Најважно е што целата наша активност ја сведуваме на она што значи предлог за поведување на оваа работа. Утре, задутре и решенијата веројатно ќе имате можност да ги видите, а и претходните документи и заклучоци на Влада, заклучоци и одлуки на Собранието врзано за се она што претходно се укажуваше од ЕУ, за се што на одреден начин упатува на потреба од измени, рече Николовска во вторникот.

Претседателката на работната група истакна и дека рок не им е даден, но ќе се работи на иницијативата.

Работната група има 23 членови од кои десет се од редот на експертите, десет се предлози на политички партии и тројца се членови се од институции, Кабинет на претседател, МНР и СЕП.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK