(Видео) Поповиќ: ММФ ги разби лагите на Мицкоски, македонската економија расте побавно дури и од Косово

ММФ ги разби лагите на Мицкоски за „третата“ економија – македонската економија расте побавно дури и од Косово, изјави Наташа Поповиќ од СДСМ. „Македонската економија ќе расте побавно од економиите во регионот во следните пет години, дури и Косово е пред нас. Меѓународниот монетарен фонд ги разби лагите и пропагандата на Мицкоски за некаква „трета“ економија во Европа. Според ММФ – во …

Continue Reading

Трајанова: Буџетот за здравство е зголемен за 7,6 отсто

Македонското здравство добива значителна финансиска поддршка од над 573 милиони денари, односно зголемување на буџетот за 7,6%. Во ребалансот на државната каса, здравствената заштита за граѓаните е мерлив и опиплив приоритет. Од претходните 7,566 милиони денари, сега се предвидени над 8,139 милиони денари, рече пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Моника Трајанова и додаде дека ова претставува едно од најголемите и најзначајните промени …

Continue Reading

Стојаноски: Владините мерки преземени за време на енергетска криза дадоа резултати

Инфлацијата се намали и изнесува 3,4%, владините мерки преземени за време на енергетска криза, дадоа резултати, изјави Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „За време на енергетска криза, кога цените на светско ниво рушат рекорди, во Македонија состојбата е контролирана и стабилна. Наспроти сите прогнози на опозицијата и нејзините сателити, според Државниот завод за статистика инфлацијата се намали и на годишно ниво …

Continue Reading

Манасиевски: СДС, Левица и ДУИ намерно го опструираат носењето на Изборниот Законик поради лошите рејтинзи

СДС, Левица и ДУИ намерно го опструираат носењето на Изборниот Законик поради лошите рејтинзи, иако со месеци се создаваше консензус помеѓу политичките партии, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски. Наместо договор и носење на Изборен Законик за следниот изборен циклус, додаде тој, СДС, Левица и ДУИ одбраа да создадат една какафонија во јавноста за овој реформски закон. „Имено, потегот на …

Continue Reading

Левица не се откажува од барањето за една изборна единица

Додека пред меѓународните чинители Мицкоски и ДПМНЕ глумат дека Изборниот законик им е реформа за која многу силно се борат да се донесе – тие се обидуваат одговорноста за неговото недонесување да ја префрлат врз опозицијата, велат од Левица и наведуваат дека нема да се откажат од барањето за една изборна единица. Од таму велат дека партијата која има мнозинство …

Continue Reading

ВЛЕН: Со реформи и силно партнерство, Северна Македонија напредува кон ЕУ

„Заедничката седница на Владата на Република Северна Македонија со еврокомесарката за проширување, Марта Кос, уште еднаш потврди дека европската интеграција останува стратешки приоритет на државата и дека реформите се спроведуваат во тесно партнерство со Европската Унија“, велат од Влен. „Учеството на Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, на оваа средба е потврда за посветеноста на …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ: Демократското право на глас на иселениците и Изборниот законик, не смеат да бидат жртви на дневнополитички калкулации на СДС, Левица и ДУИ

„Јавноста во Македонија е сведок на целосна конфузија предизвикана од опозициските партии СДС, Левица и ДУИ. Првиот ден седнуваат и се договараат за Изборниот законик, а веќе следниот ден, откако ќе преспијат, го блокираат истиот закон за кој првично постигнале договор. Во јавноста пласираат одредени тези, а зад затворени врати, всушност, преговарале и преговараат за сосема други прашања“, велат од …

Continue Reading

Македонски Концепт: Ако нема гаранции за членството во ЕУ, тогаш Преспанскиот договор бил договор без гаранција

„Длабоко ја уважуваме изјавата на европската комесарка Марта Кос дека ‘нема гаранции’ за членството на Македонија во Европската Унија, што претставува исклучително важна политичка констатација, која заслужува сериозна јавна и институционална дебата“, велат од Македонски Концепт. „Доколку навистина не постојат гаранции дека исполнувањето на преземените обврски ќе доведе до членство во Европската Унија, тогаш логично се наметнува заклучокот дека и …

Continue Reading

ВЛЕН: Задржувањето без објаснување на нашите тројца функционери бара официјален одговор!

„На граничниот премин Ќафасан, координаторот на пратеничката група на ВЛЕН, Беким Ќоку, пратеникот Аднан Азизи и заменик-генералниот секретар на Владата, Хасим Муртезани, беа задржани околу еден час без никакво официјално објаснување, иако сите тројца беа опремени со дипломатски пасоши“, велат од Влен. „Според информациите што неофицијално ги соопшти граничната полиција, против нив постои забрана за влез. Сепак, не им е …

Continue Reading