Левица не се откажува од барањето за една изборна единица


108146059_2768340393489090_3251333726087983234_n.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Додека пред меѓународните чинители Мицкоски и ДПМНЕ глумат дека Изборниот законик им е реформа за која многу силно се борат да се донесе – тие се обидуваат одговорноста за неговото недонесување да ја префрлат врз опозицијата, велат од Левица и наведуваат дека нема да се откажат од барањето за една изборна единица.


Од таму велат дека партијата која има мнозинство во Собранието, ја предводела Работната група и го предложила текстот на законот, а денес глуми неутрален набљудувач кој наводно ќе прифател сѐ што ќе се договорат опозициските партии.

„Власта не може истовремено да биде и предлагач, и арбитер, и жртва. Ако ДПМНЕ навистина смета дека една изборна единица е исправно решение, нека застане зад сопствените ветувања, наместо кукавички да се крие зад потребата опозицијата прво да се договори. Црвената линија на ДПМНЕ не е една изборна единица, еднаквата вредност на секој глас или укинувањето на изборните неправди, туку гласањето на дијаспората. Наместо да ги бранат принципите што ќе создадат поправеден изборен модел, тие избраа да ја претворат дијаспората во политички штит зад кој ќе ја сокријат суштинската реформа. ДПМНЕ денес се однесува како со нивниот авторитарен однос и црвени линии поставени во последен момент да не е главната причина за недонесување на Изборниот законик, туку најмирна страна и негов случаен набљудувач. Сега смислија и алиби за одржување на нивната удобност, па процесот го префрлија врз опозицијата, а доколку реформата пропадне, повторно ќе ја обвини истата таа опозиција“, велат од Левица.

Според партијата, дополнително смешно е што се покажа дека патетичните обиди на ДПМНЕ да се претстави како заштитник на дијаспората пропаднаа уште пред да започнат.

„Очекуваа патриотски аплауз, а го добија спротивното. Ни дијаспората не им поверува дека преку ова одеднаш ја откриле љубовта кон иселениците. Јавноста препознаа дека темата беше извадена во последен момент како средство за одржување на статус-квото и овој модел од кои поголемите политички партии профитираат, а штетата е на сметка на Левица и граѓаните“, велат од Левица.

И конечно, додаваат од партијата, јавноста има право да постави едно многу непријатно прашање. „Европската Унија обезбедува околу 4 милиони евра поддршка доколку се донесе нов Изборен законик. Но, ако тој повторно не се донесе, според постојниот модел ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ВРЕДИ повторно ќе поделат околу 10 милиони евра државни средства за платено политичко рекламирање. Кога ќе се стават бројките на маса, станува многу појасно зошто некои партии се толку комотни и инсистираат процесот да пропадне“, тврди Левица.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK