СДС со истите лаги, Македонија не е изолирана, туку ослободена од нивниот хаос, велат од ВМРО-ДПМНЕ
Изминатите седум дена, додека во СДС беа изгаснати светлата, веројатно беа нивните најпродуктивни денови, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Тишината им одговара многу подобро од ова денешно повторување на истите несериозни конструкции. Парадоксално е како СДС успева да се самодискредитира секогаш кога ќе се појави. Наместо да понудат барем еден нов аргумент, повторуваат шаблони кои одамна не поминуваат кај никого. Кога нема …
Continue Reading
СДСМ: Пропустите на концертот на Лукас покажуваат дека МВР повторно затаи, Тошковски да не бега од одговорност
Пред нас е уште еден скандал кој покажува дека и после Кочани имаме целосно нефункционален систем, неспособност и потфрлање на институциите, пред се на полицијата на Тошковски обвинија од СДСМ. „Во локал со дозволен максимум од 200 лица, имало над 700 луѓе или три и пол пати над дозволеното и спротивно на безбедносните протоколи. Опасност која можела да заврши трагично. …
Continue Reading
Мораме да се срамиме и да црвениме пред Стразбур, вели Мицкоски откако судот најави отворање предмет за случајот на Јанкулоска
Мораме да се срамиме и да црвениме пред Стразбур, вели премиерот, Христијан Мицкоски, откако судот најави отворање предмет за случајот на поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска. „Забележав дека во соопштението јасно стои дека имаат забелешки на процесот, начинот на судењето, нарушување на човековите права и отвораат предмет да го разгледаат тој процес. Ќе ве потсетам дека за вакви …
Continue Reading
„По налог на Груевски Мицкоски ја враќа државата деценија назад“, велат од СДСМ
„Македонија повторно се наоѓа во изолација. Наместо држава што чекори напред, со јасна европска перспектива, денес гледаме изолирана земја додека целиот регионот напредува. Нема реформи во ниту една сфера, економијата тоне, странските инвеститори си заминуваат, власта сака повторно да го конторлира судството, целосно е заглавен европскиот пат на земјата“, велат од СДСМ. „Власта вели „не е време за реформи“ и …
Continue Reading
Две недели по мега-скандалот со ИПАРД средствата, министерот Трипуновски бега од одговорност, велат од СДСМ
Две недели по обелоденувањето на мега-скандалот со ИПАРД средствата, министерот Трипуновски бега од одговорност и од вистината за суспензијата на над 130 милиони евра европски пари, велат од СДСМ. „Дополнително, наместо конкретни одговори, тој на официјално барање од собраниско тело испраќа документ без содржина, без причина за суспензијата, без рокови, без план како да се надмине кризата. Едно големо ништо. …
Continue Reading
„Кацарска со двојни стандарди, за себе и судиите полни џебови и привилегии, за пензионерите бара укинување на зголемувањето на пензиите“, велат од ВМРО-ДПМНЕ
„Добрила Кацарска беше наградена во уставен судија поради понизноста и послушноста кон СДС. Кацарска како послушничка и извршителка на Заев, беше наградена за предметот за 27 април, каде предметот го обликуваа во обвинителен акт и за истиот пресуди драконски затворски казни од над 200 години во нехумана и нефер судска постапка, изживувајќи се врз луѓето со рочишта кои траеле и …
Continue Reading
700 наместо 200 луѓе на концертот на Аца Лукас , СДСМ бара истрага и одговорност
СДСМ реагира поради приведувањето на српскиот пејач Аца Лукас, потенцирајќи дека на концертот имало преку 700 посетители во локал кој по закон не смее да прими ниту 200 лица. Според партијата, ова покажува дека и полицијата на Тошковски и општината на Митко Јанчев биле запознати со настанот, знаеле дека нема безбедносни услови за негово одржување, но не презеле ништо, дозволувајќи …
Continue Reading
Владата ги отфрла тврдењата на опозицијата за наводна нетранспарентност околу ИПАРД
Владата категорично ги отфрла тврдењата на опозицијата за наводна нетранспарентност околу скандалот со ИПАРД програмата. -Апсолутно го отфрлам ова тврдење дека се крие нешто во однос на таа постапка. Знаете дека сме максимално транспарентни, изјави на денешната прес-конференција портпаролката Марија Митева, одговарајќи на новинарски прашања. Таа дополни дека очекува Министерството за земјоделство и сите надлежни институции, вклучително и судските органи …
Continue Reading
ВМРО-ДПМНЕ: Кацарска постапува по насока на СДСМ и бара укинување на 7.000 денари за пензионерите
Од ВМРО-ДПМНЕ денеска остро реагираа на однесувањето на уставната судијка Добрила Кацарска, обвинувајќи ја дека постапува по насока на СДСМ и дека со предметот поднесен до Уставниот суд се загрозува зголемувањето од 7.000 денари за пензионерите. Ставовите партијата ги изнесе на прес-конференција преку портпаролот Валентин Манасиевски. Според Манасиевски, Кацарска „го загубила кредибилитетот пред граѓаните“ и продолжила да работи во партиски …
Continue Reading