СДСМ: Обнова на соработката меѓу Уставните судови на Македонија и Србија – уште еден чекор кон продлабочување на авторитарната оска


sdsm-stab-6-Custom.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Обновувањето на билатералната соработка меѓу Уставните судови на Македонија и Србија, по 15 години, не е обична институционална размена. Тоа е дел од системското продлабочување на врските меѓу два авторитарни режима кои се поврзани преку сестринските партии ВМРО и СНС, велат од СДСМ.


„Претседател на Уставниот суд на Србија, Владан Петров, е јавно познат по својата отворена политичка поддршка за Александар Вучиќ уште од 2017 година. Неговиот избор за судија, како и неговите јавни ставови во одбрана на власта и изјавите за можно разрешување на судии кои ѝ се спротивставуваат, се предмет на сериозни критики во Србија. Сега, токму тој е домаќин на Костадиновски во Белград, на билагералната средба – симбол на „обновената соработка““, се наведува во соопштението.

Од СДСМ велат дека ова се случува во момент кога на Македонија ѝ е вратен законот за Судскиот совет од страна на Европската Унија, поради сериозни недостатоци; Во Србија се донесени таканаречените „Мрдичеви закони“ кои беа остро критикувани од ЕУ поради загрозување на независноста на правосудството;  Вучиќ целосно ги контролира јавното обвинителство и правосудниот систем систем, а ист таков модел на контрола се воспоставува и во Македонија.

Од СДСМ велат дека најголемата критика од стручната фела во Србија но и од Европската Унија е дека овие закони се обид на СНС да воспостави апсолутна контрола врз судството, со што, како што велат, целосно се укинува независноста на судиите и автономијата на обвинителите.

„Иста ваква реакција од Брисел имаше и за Законот за судски совет предложен од Мицковски кој беше вратен на доработка. Главната сличност е што и во двете земји Брисел детектира ризик од политизација – стравувајќи дека под плаштот на „реформи и ефикасност“, СНС и ВМРО-ОКГ се обидуваат да воспостават контрола врз правосудството во двете земји. Христијан Мицкоски и неговата криминална Влада не само што ја копираат авторитарната пракса од Белград, туку и ја продлабочуваат институционалната соработка со истите актери кои се дел од таа авторитарна мрежа“, велат од СДСМ.

Додека Македонија се движи кон изолација од ЕУ, велат од СДСМ, нејзините институции се врзуваат сè посилно со режими кои се спротивставуваат на европските вредности.

„Ова не е обична билатерална соработка. Ова е политичко и институционално поврзување на два недемократски системи кои си помагаат едни на други да ја одржат контролата над правосудството и да ја спречат вистинската демократизација. СДСМ уште еднаш предупредува: Македонија не смее да стане дел од авторитарната оска која ја градат Вучиќ и Мицкоски. Правосудството не смее да биде алатка за заштита на криминалот и за продлабочување на врските со режими кои се спротивставуваат на европскиот пат“, велат од СДСМ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK