Николовски: Програмата за рурален развој е преполовена, субвенции не се исплаќаат, суспендирани се 130 милиони евра од ИПАРД

Пратеникот на СДСМ Љупчо Николовски во рамките на амандманската расправа за буџетот за 2026 година во собраниската комисија за финансирање и буџет посочи на хаосот во земјоделството со кратење и суспендирање на програми. -Имаме суспендирана програма од 130 милиони евра и сосема неодговорен пристап на орган надлежен за управување со ИПАРД. Гледаме дека министерот бега и се крие и ги …

Continue Reading

Николовски: Не се исплатени субвенциите за овци, ниту за млекото, владата ги остави земјоделците на цедило

Пратеникот на СДСМ, Љупчо Николовски, на Комисијата за финансирање и буџет, упати остри критики кон Владата поради целосно занемарување на земјоделците и неприменување на обврските кои државата ги има кон нив. Особено по предложениот амандман на СДСМ за финансиска поддршка на земјоделците, кој беше одбиен. Николовски потенцираше дека состојбата во земјоделието е катастрофално лоша, не се исплатени субвенциите, скратени се …

Continue Reading

Николовски до Трипуновски: На празните листови напиши ја твојата оставка

Пратеникот на СДСМ и поранешен министер, Љупчо Николовски, денеска одговори на обвинувањата на министерот Цветан Трипуновски и истите ги оцени како безпредметни, и го повика да си даде оставка за хаосот што создаде во земјоделието. „Трипуновски, твоите беспредметни кривични пријави не можат ни оддалеку да го тргнат фокусот од хаосот што го создаде во земјоделството. Кога сопствената посебна советничка ти …

Continue Reading

Мицкоски преку Гаши се обидува да ја минира Анкетната комисија за Кочани, велат од СДСМ

Христијан Мицкоски преку Африм Гаши го минира формирањето на Анкетна комисија за трагедијата во Кочани, што е барање на семејствата на загинатите и повредените, истакнуваат од СДСМ. Очигледно, додаваат од оваа партија, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се плашат од вистината за Кочани па затоа се измислуваат некакви деловнички изговори. „Поднесената иницијатива на пратениците на СДСМ е цлеосно согласно Деловникот кој дава …

Continue Reading

(Видео) Конески: СДС со елементарно непознавање на младинските состојби во земјава

Длабоко сме трогнати и потресени од прес-конференцијата на партијата која владееше 7 години, а за само една година успеа да стане 5-та партија во Скопје. Со неизмерна тага, сведочиме на пропаста на партијата која изгуби стотици илјади гласачи, откако за личен интерес ги распродаде националните интереси и го урниса целиот систем, истакна на прес-конференција Тодор Конески, член на ИК на …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ поднесоа иницијатива за формирање анкетна комисија за пожарите во Кочани и Тетово и за несреќите на „Дурмо турс“ и „Беса транс“

Пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ поднесоа Иницијатива за формирање анкетна комисија за утврдување на околностите во постапувањето на институциите за трагедиите и несреќите во Република Македонија, изјави пратеникот Бојан Стојаноски. Тој појасни дека анкетната комисија ќе има за цел утврдување на одговорност на функционери, носители на јавни функции и други поврзани лица, како и да ги утврди околностите …

Continue Reading

Мицкоски со порака до градоначалниците: Разгледајте ги можностите кои ги нуди Ресурсниот центар, побарајте експертска помош

Сакам да упатам јасна порака до секој градоначалник, без разлика дали води голема урбана општина или мала рурална заедница: разгледајте ги можностите кои ги нуди Ресурсниот центар, користете ја поддршката, побарајте експертска помош таму каде што постојат предизвици или недостиг на капацитети. Ова не е слабост – ова е мудрост во управувањето, изјави премиерот, Христијан Мицкоски, на отворањето на настан …

Continue Reading

(Видео) Манасиевски: Со кое лице судиите и обвинителите бараат зголемени плати

Според Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, дел од правосудните органи, односно судии и обвинители, кои се инкриминирани и инфилтрирани од поранешната власт на СДС и ДУИ, се погласни во своите барања за зголемени плати, а правдата никако да ја донесат. „Со само 2% доверба, една од најлошите статистики во светот, дел од судиите и обвинителите бараат да стигнат …

Continue Reading

Мицкоски не знаел за инцидентот со Аца Лукас, но најави строга контрола на естрадата: Јасни се законите и правилата, секој мора да ги почитува

Премиерот Христијан Мицкоски од кого викендов на социјалните мрежи се бара извинување по приведувањето на српскиот пејач Аца Лукас во Кавадарци по утврдени низа неправилности околу настапот, вели дека во моментот на случувањата тој воопшто не знаел дека такво нешто се случува. Вели дека законите се јасни и најави дека многу строго и внимателно ќе го следи однесувањето на ваквиот …

Continue Reading