Изгледа СДС не знаат што е истрага и доверливост на информации, со цел постапката да се компромитира. Или, пак, нивните интереси се токму такви, штом толку упорно инсистираат за тоа, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ во кое прашаа зошто се кријат резултатите од анализите за водата во Гостивар.
„Јасно е пропишано со закон во која фаза од истрагата, кои информации се споделуваат со пошироката јавност. Но, имајќи предвид дека во Гостивар СДС се коалиција со ДУИ и Таравари, многу е веројатно да сакаат истрагата да се компромитира, за одговорноста да не ги стигне најодговорните за скандалот со вода за пиење. Тие се навикнати одговорност за криминалите да не сносуваат, како што не сноси ни Венко Филипче за модуларната во Тетово, како што немаше одговорност ниту за Беса Транс, ниту за Дурмо Турс. Тоа време е минато, сите институции активно и посветено работат на целосното расветлување на случајот и на откривање на сите одговорни, додека Владата останува со гостиварци и ги презема сите мерки за нормализирање на ситуацијата“, пишува во реакцијата.