СДСМ: Нови мерки за намалување на цените на соковите, пијалаците, овошјето и зеленчукот

СДСМ-Нови-мерки-за-намалување-на-цените-на-соковите-пијалаците.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







„СДСМ како одговорна партија, која се грижи за граѓаните и нивниот стандард, продолжува со мерките за намалување на цените на прехранбените производи. Списокот на производи со „гарантирана цена“ се проширува со безалкохолните пијалаци, соковите, газираната и негазираната вода и пивото“, соопшти СДСМ.

„Највисоките цени на овие производи се утврдуваат на нивото на цените, кои се применувале на 19 септември 2023 година, а во трговијата на големо, се намалуваат за 10%.

Цената на овошјето и зеленчукот се намалува за околу 30 отсто, со мерката за утврдување на највисока маржа за трговците на големо од 10 отсто и за трговците на мало на 15 отсто.

Следува намалување на увозните давачки за свеж зеленчук, ориз, портокали, лимони, мандарини, како и намалување на царинските стапки на млечните производи со масленост над 10%.

Веќе се намалени цените на стотици основни прехранбени производи и тоа за 10 отсто од цената по која се продавале на 1 август годинава.

Граѓаните по пониски цени во маркетите купуваат леб, млеко, млечни производи, месо, брашно, јајца, ориз и многу други прехранбени артикли, што поволно влијае врз семејните буџети.

СДСМ со мерките за намалување на цените го штити стандардот на граѓаните и ја стабилизира инфлацијата“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK