СДСМ: Дали му верувате на Мицкоски дека денеска ќе има исправна вода во Гостивар

Мицкоски вели дека од денес техничката вода во Гостивар е чиста. Дали му верувате, прашуваат од СДСМ. „Над 4.070 граѓани во Гостивар побарале медицинска помош. Вчера беа регистрирани уште 125 прегледи на лица со симптоми, а едно дете е хоспитализирано во болница. Водата била загадена со фекалии. А институциите молчеле. Симптомите почнале на 14 јули. Епидемија е прогласена дури на 19 јули. Цели пет дена …

Continue Reading

Гостивар утре добива технички исправна вода, вели Мицкоски

Технички исправна вода за користење се очекува да добијат жителите на Гостивар уште во текот на утрешниот ден, потврди премиерот Христијан Мицкоски, посочувајќи дека кризата се санира во рекорден рок од една недела. Според него, иако управувањето со водоводната мрежа е во директна ингеренција на локалната власт, Владата веднаш се вклучила на терен преку обезбедување хуманитарни донации во флаширана вода …

Continue Reading

Мицкоски: Следува набавка на нова комунална опрема и електрични автобуси

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција изјави дека Владата ќе продолжи со поддршка на развојните проекти во Скопје, најавувајќи дека до крајот на годината главниот град ќе добие нова комунална опрема и електрични автобуси. Тој го пофали градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, оценувајќи дека за неколку месеци се постигнати значајни резултати во реализацијата на проекти кои претходно биле во застој. „За овие …

Continue Reading

СДСМ: Денес се сеќаваме на земјотресот што го разурна Скопје, денес имаме разурната цела Македонија

СДСМ преку соопштение, по повод 63-годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје, соопшти дека денес Македонија се соочува со, како што наведуваат, „системска непогода“, обвинувајќи ја Владата за разорување на институциите и довербата кај граѓаните. „Денес се сеќаваме на земјотресот што го разурна Скопје пред 63 години, а денес гледаме разурена цела Македонија. Тогаш беше природна катастрофа. Денес државата се соочува …

Continue Reading

Фрчкоски: СДСМ бара 5 милиони евра од прославата со пејачи да се пренаменат за чиста вода за граѓаните

Водата веќе не е за пиење во 7 населени места во Македонија. Гостивар, Валандово, Крушево, Пласница, Прилеп, Лешок, Преглово. Прашање е кој град е следен, вели Јон Фрчкоски – член на Извршниот одбор. „Бидејќи изворот Студенчица го користат и Кичево, Македонски Брод, Долнени  ризикот е дека и за овие места водата може да биде загадена. Мицкоски отвора базени додека во …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ: Мали Фрчко и СДС да побараат одговорност од градоначалникот на Гостивар

СДС денес го испрати мали Фрчко, да дели совети за како треба да се прослави независноста на државата, а не му кажаа да побара одговорност од Валбон Лимани, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Во ниту еден момент од СДС не побараа одговорност од градоначалникот на Гостивар, за скандалот кој се случи со водата, и продолжуваат да го заобиколуваат Лимани. Во коалиција со …

Continue Reading

Левица: Одлуката на УНЕСКО не е победа, туку последна опомена за Охридскиот регион

Комитетот за светско наследство на УНЕСКО одлучи Охридскиот регион да не биде впишан на Листата на светско наследство во опасност. Наместо тоа, на Владата ѝ се дадени дополнителни пет години за спроведување на забелешките на УНЕСКО за заштита на регионот. „Со тоа УНЕСКО повторно ѝ даде шанса на Македонија. Но ова не е победа. Ова е веројатно последната опомена“, велат …

Continue Reading

СДСМ Гостивар бара одговорност за труењето на граѓаните со отровна вода

На граѓаните на Гостивар им се случи огромна здравствена катастрофа, труење со вода. Најдраматичен доказ за целосниот системски распад на здравството и институциите кои ги води ВМРО-ОКГ, велат од СДСМ Гостивар. „За труењето на над 3.000 граѓани на Гостивар мора да има одговорност, од локално па до централно ниво. Политичка и кривична. Од сите. Не може да се отруе цел …

Continue Reading

СДСМ: Орце пуштил дрон, од воздух ќе го спасува Вардар

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денеска соопшти дека за детектирање на белата пена во Лепенец пуштил дрон. Човекот што не може да направи билборд без грешка, сега со дрон од воздух ќе го открие загадувањето на Лепенец и Вардар, велат од СДСМ. „Прво вештачка интелигенција за билборд. Сега дрон, за пена во река. Додека граѓаните во пет града не смеат да ја …

Continue Reading