СДС повторно шири паника, лани за пожарите, годинава за загаденоста на водата, велат од ВМРО-ДПМНЕ
СДС се жив доказ дека се способни да го пробијат моралното дно, да користат случаи кои ги загрижуваат граѓаните, само за свој личен интерес, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ. Во тој контекст, како што додаваат, се и нивните обиди од изминатите дена, со ширење лаги да креираат хистерија која предизвикува страв и несигурност кај граѓаните. Според партијата на власт, очигледно е, како …
Continue Reading
Мицкоски направи еколошка катастрофа, oтровот стигна и до Скопје, велат од СДСМ
Осврнувајќи се на случајот со неисправната вода во делови од државата, од опозициската СДСМ истакнуваат дека прво загадена вода за пиење имаше во Гостивар, Валандово, Лешок, Крушево и Пласница. „Дури и во болница немаше безбедна вода“. Сега, додаваат од оваа партија, бела пена тече низ реката Лепенец во Скопје. „Пената изгледа како да е синтетичка. Видливиот доказ за загадување што …
Continue Reading
Гостивар, Валандово, Лешок, Крушево, Пласница, ВМРО-ОКГ и Мицкоски продолжуваат да ја трујат Македонија, велат од СДСМ
И водата во Пласница е неисправна за пиење, потврди Центарот за јавно здравје. Гостивар. Валандово. Лешок. Крушево. Пласница. Пет населени места за краток период. Пет пати истата приказна. Пет пати истата одговорност, реагираат од СДСМ. Од партијата прашуваат дали е и ова дезинформација на СДСМ и ширење паника. „Што вели организираната криминална група ВМРО? Ја уништија економијата. Ја изолираа земјата. …
Continue Reading
Шасивари и Османи: Законот за употреба на јазиците мора доследно да се спроведува во сите институции
Министерот за правда Јетон Шасивари имаше работна средба со директорот на Агенцијата за примена на јазикот, Гранит Османи, посветена на унапредување на институционалната соработка и доследната примена на Законот за употреба на јазиците. Беше нагласено дека целосното спроведување на Законот претставува законска обврска и суштински елемент на владеењето на правото, правната сигурност и еднаквиот пристап на граѓаните до институциите. Министерот …
Continue Reading
СДСМ со лански извештај за водата во велешко село создава паника кај граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ
ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДСМ дека шири лаги и манипулации за состојбата со водоснабдувањето во Велес, тврдејќи дека партијата објавила стар извештај кој не се однесува на градскиот водовод. Од ВМРО-ДПМНЕ наведуваат дека извештајот што го објавила опозициската партија е од февруари 2025 година и се однесува на село Сливник во Општина Велес, кое не е поврзано со градскиот водовод. Од …
Continue Reading
(Видео) Мециновиќ: Сите стратешки објекти да ги чува АРМ – Левица ќе предложи закон за критична инфраструктура
Пратеникот на Левица, Амар Мециновиќ, денес во Собранието одржа прес-конференција на која најави изготвување на нов Предлог-закон за критична инфраструктура. Со предложеното законско решение, Левица бара обезбедувањето на стратешките објекти и критичната инфраструктура од највисоко национално значење да го врши Армијата на Република Македонија, во координација со другите надлежни институции. „Денес ја свикуваме оваа прес-конференција да најавиме изготвување на нов …
Continue Reading
ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДСМ дека дезинформира и ја политизира состојбата со водоснабдувањето
ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДСМ дека ја злоупотребува состојбата со водоснабдувањето во Гостивар за политички цели и дека шири паника и дезинформации меѓу граѓаните. Во партиското соопштение се наведува дека СДСМ, предводена од Венко Филипче, наместо да понуди решенија, ја користи актуелната состојба за политички маркетинг и создавање вознемиреност кај јавноста. Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека владините институции реагирале навремено и …
Continue Reading
СДСМ: Да се направи анализа и на водата во Велес, има наводи за присуство на „Ешерихија коли“
СДСМ побара вонредни анализи на водата за пиење во Велес и околните населени места, како и проверка на квалитетот на водата во сите градови и општини во државата. „Конкретно во Велес СДСМ побара да се проверат сите водоводи поради тоа што последните наоди и стручни мислења коишто се јавно објавени покажуваат дека скоро секаде во селските водоводи има Escherichia coli …
Continue Reading
СДСМ бара оставки: По Гостивар, небезбедна вода и во Валандово, Крушево и болницата во Лешок
СДСМ побара оставки oценувајќи дека случајот со загадената вода во Гостивар не е изолиран инцидент, туку доказ за, како што наведува партијата, системски пропусти во заштитата на јавното здравје. Во соопштението СДСМ тврди дека, покрај Гостивар, небезбедна за пиење е и водата во Валандово и Крушево, како и дека во Болницата за белодробни заболувања во Лешок биле пронајдени колиформни бактерии. …
Continue Reading