(Видео) Штерјова: Мицкоски пак го копира Вучиќ – сè е copy-paste, само со неколку дена задоцнување
Мицкоски вчера ги повика граѓаните да пријавуваат корупција и најави бесплатна линија. Ова е директна копија на кампањата што токму сега се води во Србија, обвини Кети Штерјова од СДСМ. „СДСМ уште претходно најави дека Мицкоски, по углед на постариот брат од сестринската партија, ќе ја препише и оваа мерка. Сè е copy-paste. Само со неколку дена задоцнување. Во Србија половина од …
Continue Reading
Парното поскапе двапати за осум месеци, а Мицкоски пљачката ја прекрсти во „најниска цена во регионот“, обвини Левица
Во 2022 година, Мицкоски тврдеше дека поскапувањето на парното е пљачка на граѓаните, дека е последица на лоповлук и дека семејствата ќе плаќаат и до 120 евра повеќе годишно. Денес, кога Мицкоски е премиер, за само осум месеци им приреди на скопјани две последователни поскапувања – 5,9% од декември 2025 година и нови 5,96% од август 2026 година, односно кумулативно …
Continue Reading
Сѐ се зголемува, освен платите, велат од СДСМ
Сѐ се зголемува, освен платите, реагираат од СДСМ. „Зголемување на цената на парното. Зголемување на цената на струјата. Зголемување на цената на нафтата. Зголемување на данокот на имот“. Во буџето, додаваат од оваа партија нема пари. Наскоро, како што велат, нема да има ниту за пензии. „Потрошувачката кошничка се зголеми за 10.000 денари. Земјоделците се без субвенции. Нема ИПАРД затоа …
Continue Reading
Уште нема официјален документ за водата во Гостивар а еве ги Маврово и Крушево, велат од СДСМ
Сè уште нема официјален документ. Сè уште никој не го покажа потпишаниот извештај со анализите за водата во Гостивар. Кој институт? Кој потпишал? Кои параметри, прашуваат од СДСМ. „Додека чекаме таков документ, еве ги новите случаи: Маврово – водата привремено не е за пиење поради „превентивно чистење“ на мрежата. Крушево – водата била заматена и микробиолошки неисправна затоа што уредот …
Continue Reading
Стојаноски: Секој денар мора навремено да се претвори во конкретен проект, објект или услуга за граѓаните, а токму тоа се прави со овој ребаланс
„Овој ребаланс ќе даде подобар квалитет на животот на граѓаните, на стопанството и на институциите и овој ребаланс ќе гарантира дека во наредните шест месеци до крајот на завршувањето на оваа година граѓаните ќе имаат повисоки плати, ќе имаат повисоки пензии, приватниот сектор ќе добие поддршка и секоја сфера на општеството ќе расте“, рече пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан …
Continue Reading
Златеска: Владата реализира нови инвестиции во водоснабдување, канализација и заштита на животната средина
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со реализација на капитални инвестиции и проекти кои обезбедуваат почиста животна средина, подобра комунална инфраструктура и повисок квалитет на живот за граѓаните. Преку значајни вложувања во регулирање на речните корита, изградба и реконструкција на водоводни и канализациски системи и пречистителни станици, Владата создава современи и одржливи услови за развој на локалните заедници и заштита на …
Continue Reading
СДСМ: Четири дена молк кој ги загадил Скопје, Лепенец и Вардар
Четири дена откако бела пена течеше од Лепенец во Вардар и го загадуваше Скопје. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски веднаш пушти дрон. Најави дека „толеранција нема да има за никого“. Вети дека брзо ќе се открие кој го направил тоа. И? Што открија Орце и дронот по четири дена? Кој ги загадил Скопје, Лепенец и Вардар?, прашуваат од СДСМ и го обвинија …
Continue Reading
Левица ќе гласа против ребалансот: „ДПМНЕ ги одби амандманите со кои можеше да се подобри буџетот“
Собранието денеска ќе одлучува за ребалансот на Буџетот за 2026 година. Левица најави дека ќе гласа против предложениот ребаланс, бидејќи, како што велат, амандманската расправа покажала дека Владата не само што нема намера да ја промени својата економска политика, туку го одбила речиси секој предлог што значел поголема јавна корист, подобра заштита на граѓаните и поодговорно трошење на буџетските средства. …
Continue Reading
Деновиве се очекува да биде воспоставено безбедно водоснабдување со технички исправна вода, велат од ВМРО-ДПМНЕ
Граѓаните да бидат спокојни, затоа што владините институции преземаат конкретни мерки за стабилизирање на состојбата во Гостивар и процесот на нормализирање на состојбата е при крај, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ, на обвинувањата од СДСМ. „СДС наместо да побара одговорност од своите поставени кадри во Гостивар, се обидува политички да профитира од скандалот со водата, кој кадри на нивната коалиција со ДУИ …
Continue Reading