Маричиќ: 2030 како план и шанса за членство во ЕУ е мотив и движечка сила за брзи реформи и промени

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ денеска учествуваше на дијалогот за политиката на високи ниво на Школото за транснационално владеење (ЕУИ), на тема: „Отворената стратешка автономија на ЕУ и Западен Балкан“, покана на Европскиот институт од Фиренца. Маричиќ рече дека за земјите кандидатки временската рамка за членство во ЕУ значи дека има шанса и план за тие кои ќе бидат …

Continue Reading

Мицкоски: Од лавовите на шарената револуција не останаа ниту мали мачиња, барем да бекнеа за тоа што се случува

Најпрвин правеа спектакли и естрадни атракции кога им упаѓаа на луѓето дома, кога со качулки на главите, со лисици на рацете ги изнесуваа ги носеа и потоа од сам старт без да ја почитуваат презумцијата на невиност ги обвинуваа дека се криминалци, дел заслужено, дел незаслужено. Од тие кои едно време беа шарени револуционери и кои што скандираа „Нема правда …

Continue Reading

Мицкоски: Германскиот „Фац“ до срж ја разголе пирамидата на криминалот кој што функционира во Македонија

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ во рамки на акцијата „Важно е! Од тебе зависат промените“ беше во посета во општина Зелениково и запрашан за коментар на германскиот „ФАЦ“ истакна дека овој весник „до срж практично ја разголе пирамидата на криминалот која што функционира во Македонија“. „Германскиот реномиран весник „Фац“ до срж практично ја разголе пирамидата на криминалот која што функционира …

Continue Reading

Левицата: Политичката и судската елита со урбанистичката мафија го бетонизираат Центар

Собрани сме пред некогашната фабрика „Треска“, на место на кое политичката и судската елита, во спрега со интересите на урбанистичката мафија – го задаваат последниот удар на Општина Центар и воедно градот Скопје – со изградба на бетонско чудовиште во спротивност на јавниот интерес, велат од Левица. Минатата недела, според нив, Уставниот суд, „под водство на Кацарска, ја отфрли иницијативата …

Continue Reading

СДСМ: Искористеноста на ИПАРД средствата е на највисоки 98%

СДСМ со ефикасни мерки и политики создава нови и подобри можности за секој македонски земјоделец, како и инвестиции за унапредување и модернизација на земјоделското производството, велат од оваа партија. Државата, според нив е лидер во искористеност на ИПАРД средствата, со 98 отсто и прва земја во регионот којашто започнува со ИПАРД 3 програмата, со што се отвораат повеќе области за …

Continue Reading

Инфлацијата го јаде лебот на граѓаните, а во исто време функционерите на ДУИ и СДС се товат со бифтеци, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Додека народот се обидува да го преживее секој месец, борејќи се со енормната инфлација, која го јаде нивниот леб, во владиното бифе, каде јадат високите функционери на ДУИ и СДС, има бифтеци и сланини, по багателни цени“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Истите овие, што се сладат секојдневно по багателни цени, во владиното бифе, ги поскапеа лековите, витамините, детската храна, конзервираните производи, …

Continue Reading

Николоски: Корумпирани политичари дозволуваат безредие, Македонија наликува на нарко картел, кокаинот ни ги уништува младите, а со тоа иднината на државата

Во Македонија во изминативе години аферите се многу и се случуваат на дневна основа. Како никогаш досега системот е руиниран, корупцијата цвета, корупција има од најниско од највисоко, а институциите се нефункционални. Она што ме загрижува е немањето на никаква контрола од страна на безбедносните служби. Така во Македонија на македонските улици кокаинот го има како никогаш претходно и за …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски не може да се вади во стилот „јас не сум од овде“, Владата направи директен упад со измените на КЗ

Настапите на Ковачевски се само форма без содржина. Се му е во стилот „јас не сум од овде“ или „купи ден помини“, оценуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Ковачевски, како што велат, треба да знае дека владата на ДУИ и СДС со измените на Кривичниот законик направи директен упад во правниот систем и правната држава и тој е лично одговорен за тоа што …

Continue Reading

(Видео) Костовски: По 20 години шепотење, СДСМ го отвори случајот за Онкологија, што поскоро да се лоцира вината и одговорноста

Работата на оваа анкетна комисија посакувам да биде своевиден притисок врз ЈО, ден поскоро да излезат со конкретни обиненеија и лоцирање на вината и одговорноста на сите оние кои на монструозен начин допринеле за едно скандалозно, монструозно однесување на клиниката на онкологија, што е многу сензитивно, осетливо и таквата работа е страшна, истакна пратеникот на СДСМ Мартин Костовски, во рамките …

Continue Reading