Левица: Наместо да прашува каде има корупција, Мицкоски нека погледне во сопствените редови
Европскиот амбасадор Михалис Рокас со оценката дека Македонија не постигнала напредок во борбата против корупцијата директно ги демантирал тврдењата на премиерот Христијан Мицкоски за успешни реформи, оценуваат од Левица. Во партиското соопштение се посочува дека Мицкоски неодамна ја нарекол корупцијата „политичка флоскула“, а сега, како што наведуваат, добил јасен одговор дека власта не испорачала резултати во борбата против корупцијата. „На …
Continue Reading
ВМРО-ДПМНЕ бара проверка за објектот на Муслиу во Влае: Од каде се парите за изградбата?
ВМРО-ДПМНЕ ги повика поранешниот претседател Стево Пендаровски и неговиот поранешен близок соработник Еролд Муслиу да дадат одговори за изградбата на објект во скопската населба Влае. Од партијата бараат да се испита потеклото на средствата за инвестицијата, имотната состојба и пријавените приходи на Муслиу, како и евентуалното постоење судир на интереси. Во соопштението се повикуваат Јавното обвинителство и Државната комисија за …
Continue Reading
СДСМ: Ниту едно од двете сценарија на Мицкоски за Алта банка не е одржливо
Двете сценарија што премиерот Христијан Мицкоски ги посочува за Алта банка – пронаоѓање купувач или стечај – се неодржливи, оценува СДСМ во соопштение, во кое обвинува дека премиерот не ја кажува вистината за состојбата со банката и судбината на парите на граѓаните и јавните претпријатија. Од партијата бараат одговор колку јавни средства има во Алта банка и врз основа на …
Continue Reading
Орце и ДПМНЕ повторно ги оставија жртвите на семејно насилство на цедило, не ги обезбедија ветените субвенции за кирии, велат од Левица
Советничката група на Левица во Советот на Град Скопје повторно реагира на неизвршувањето на изгласаната иницијатива за субвенционирање на кириите за жртвите на семејно насилство. И покрај тоа што во јуни Советот ја прифати иницијативата, а градоначалникот Орце Ѓорѓиевски јавно ја оцени како одлична и најави формирање работна група и обезбедување средства во наредниот ребаланс, до денес не е преземен …
Continue Reading
Мицкоски за случајот со „Алта банка“: Граѓаните да бидат спокојни, ќе бидат обештетени до последниот цент
Премиерот Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на случајот со „Алта банка“, изјави дека тоа е случај во соседна Србија, и дека кај нас тој случај е увезен и нема ништо слично како што беше случајот со „Еуростандард банка“. „Еуростандард банка“ претходната Влада на СДСМ ја банкротираше откако нивната поранешна министерка за финансии, ден-два пред да ја …
Continue Reading
Мицкоски: СДСМ не ја напаѓа Владата, туку ги оспорува и оценките на Светската банка и ММФ
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, во одговор на новинарско прашање како ги коментира обвинувањата од опозициската СДСМ дека Владата го фингира јавниот долг рече: „Го прочитав и тоа соопштение од опозициската СДСМ. Затоа е добро да јавното обвинителство се занимава со ова кривично дело саботажа, бидејќи ова што го зборуваат не е само дневна политика. Ова …
Continue Reading
Мицкоски: Новиот извештај на Европската комисија е подобар од ланскиот
Европската комисија потврди – нема назадување, туку напредок, овој извештај е подобар од ланскиот, изјави премиерот, Христијан Мицкоски, по средбата со евроамбасадорот Михаел Рокас. „Имаме подобар извештај од минатата година. Европската комисија констатира значителен напредок во спроведувањето на нашата Реформска агенда и нè вбројува меѓу земјите со најдобри резултати во рамките на европскиот Инструмент за реформи и раст. Во годинешниот извештај нема …
Continue Reading
ЛДП: Итни оставки и интерпелација за Кочоска и Славески по скандалозните изјави за Алта банка
Институционален хаос и алармантен доказ за целосен колапс на власта е признанието на министерката за финансии дека воопшто не била консултирана од гувернерот за влезот на Алта банка и за милионските скандали. Ова не само што е занемарување или лага, ниту пак само врвна неспособност – ова е безобразие, криминално однесување и за ова мора да има итни последици, велат …
Continue Reading
Филипче објави Записник од седница на Владата за Алта банка: Барам оставка од Кочовска и вклучување на Европското обвинителство
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, објави Записник од седницата на Владата од 23 септември 2025 година, во кој се содржани заклучоци поврзани со понудата за преземање акции од „Алта банка“ АД Белград, донесени на предлог на министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска. Филипче побара нејзина оставка, итна истрага од Јавното обвинителство и вклучување на Европското обвинителство за проверка на текот …
Continue Reading