Мицкоски уверува дека „Алта банка“ не е како „ТАТ“ и „Еуростандард“: Се обидуваме од петни жили да најдеме купец бидејќи е во одлична состојба

Граѓаните да бидат спокојни оти Владата и Народната банка имаат свои инструменти со кои целосно ја контролираат состојбата со „Алта банка“, уверува и денес премиерот Христијан Мицкоски. Одговорајќи на новинарски прашања во Пирава, Валандово,  рече дека апсолутно нема простор за загриженост, целта е банката да се спаси бидејќи се работи за здрава финансиска институција. Им порача на граѓаните да не …

Continue Reading

Зелен хуман град: 73 илјади евра за несмасен плагијат, вака Град Скопје ќе го „решава“ загадувањето

Активистите на граѓанската иницијатива Зелен хуман град реагираат на Планот за подобрување на квалитетот на воздухот. „Во 2026 година ни се претставува како „нов“ План за подобрување на квалитетот на воздухот во Скопје – документ од 179 страници (!) во кој се: препишани стари и научно спорни анализи, користени податоци за населението од пописот во 2002 година, преземена е целосно …

Continue Reading

(Видео) Мицкоски го копира Вучиќ: Кога нема одговори за „Алта банка“, се заканува на СДСМ

Мицкоски го копира Вучиќ, и кога нема одговори за „Алта банка“, се заканува на СДСМ, нагласи членот на Извршниот одбор на СДСМ, Јон Фрчкоски. На прес-конференцијата, Фрчкоски појасни дека Мицкоски ги презема истите методи што Вучиќ ги користеше против студентите и опозицијата во Србија, обвинувајќи ги дека го рушат уставниот поредок. Тој посочи дека Мицкоски наместо да одговори кој дозволил …

Continue Reading

(Видео) Хасан: Бетон Герасимовски ја користи наградата „Феникс“ за личен ПР и ја злоупотребува како да е лично негова

Бетон Герасимовски се расфрла со општински награди како да се лично негови, и ги користи за личен ПР и промоција. При недостаток на реални проекти, некомпетентност и мрзеливост, Герасимовски и СДС немаат со што да се пофалат, па почнаа да делат награди, реагира  Сузан Хасан, член на ОК Центар на ВМРО – ДПМНЕ. „Не само што ги делат наградите од …

Continue Reading

(Видео) Петрушевски: Го повикуваме ЈО да реагира за ширењето на паника за „Алта банка“, од страна на функционери на СДС на чело со Филипче за ситни политички поени

Челниците на СДС веќе ја преминаа границата. Единствено што прават изминативе две години е ширење на паника меѓу граѓаните, обид за создавање на недоверба кон институциите, како и хистерија и хаос во општеството, истакна на прес-конференција Бране Петрушевски, заменик генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник. Поради внатрешни проблеми во партијата, Филипче, додаде тој, ги лаже граѓаните и пробува да создава …

Continue Reading

СДС никако да престане свесно да создава хистерија за да предизвика страв и несигурност кај граѓаните, ЈО да реагира по 315 од КЗ, бара ВМРО-ДПМНЕ

СДС никако да престане со умисла да создава хистерија со цел да предизвика штета на државата и граѓаните. Нивното однесување е неприфатливо, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Додека државата и надлежните институции прават се, и ги преземаат сите мерки за да се заштитат интересите и парите на граѓаните, СДС прави се тоа да го саботира, оценуваат во владејачката партија. „По случаите со …

Continue Reading

Левица за „Алта банка“: Додека граѓаните колабираат пред банкарските шалтери, министерката за финансии за кризата се информирала од медиумите

„Пред „АЛТА банка“ интервенира Итна помош, на граѓани им се слошува додека чекаат да дојдат до сопствените пари, а министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска ни соопштува дека за кризата се информирала од медиумите. Во истата држава, гувернерот Трајко Славески раскажува за тримесечни проверки, институционални консултации и темелно спроведени процедури. Каква е таа власт во која институциите биле доволно информирани за …

Continue Reading

(Видео) Виновните за „Алта банка“ седат во Владата, истрага за Мицкоски, Славески и Кочовска веднаш, побара Кузеска

Во Владата се главните виновници кои дозволија „Алта банка“ да влезе во Македонија, со сомнителен капитал. СДСМ уште пред една година предупреди за „Алта банка“, дека е про-режимска банка создадена од криминалните кланови и перланица на пари на Вучиќ, истакна Богданка Кузеска портпаролка на СДСМ. Сега, додава таа, народот пати и не може да дојде до своите пари. „А овие …

Continue Reading

Одговорност за секоја одлука, отчетност за секој денар, најави Ѓорѓиевски

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски и претставници од градската администрација, денеска одржаа состанок со претставници на ГРЕКО (Група на држави против корупцијата), посветен на спречувањето на корупцијата и јакнењето на интегритетот и отчетноста на локално ниво. – Како градоначалник на Скопје, ја истакнав важноста на институционалната соработка и размената на добри практики за чесно и одговорно управување со јавните …

Continue Reading