(Видео) „Ковачевски ги лажеше граѓаните дека ќе ги скрати платите на функционерите во стилот, ако не овој понеделник, нареден петок, за на крај да каже дека кратење нема“, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Од април месец па навака, платите на функционерите се покачени за 78%, во време кога накај 600 илјади граѓани живеат на работ на сиромаштија, а 80 илјади граѓани живеат во екстремна сиромаштија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Од април месец па до сега Ковачевски и неговата влада ги лажат граѓаните. Прво лажеа дека платите на функционерите нема да се покачат 78%, па …

Continue Reading

СДСМ: Нови мерки вредни 662 милиони евра за учениците, студентите, пензионерите, ранливите

„Владата предводена од СДСМ обезбедува таргетирана конкретна поддршка за ранливите категории граѓани, за учениците, студентите, за пензионерите, граѓаните- корисници на социјална помош, граѓаните со посебни потреби, самохраните родители, домаќинствата со ниски приходи, земјоделците, како и поддршка на компаниите во процесот на зелена транзиција“, вели СДСМ. „Новиот деветти пакет антикризни мерки, во вредност од 662 милиони евра содржи 26 мерки за …

Continue Reading

Николовски: Даваме рекордна поддршка за малите производители на храна вредна 1,2 милиони евра, поддржувајќи го развојот на 133 мали производители

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска ги додели 133 договори, со вкупна вредност од над 1.2 милиони евра, поддршка во набавка на опрема за производство на малите производители на храна од неживотинско потекло. Преку овие договори се поддржува развојот и модернизацијата на најразлични традиционални производства. Опрема за производство на маџун, разни слатка и мармалад, ладно цедено масло …

Continue Reading

Мицкоски за „Гласот на Америка“: Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е укинување на техничката влада, корисно и здраво е ДУИ да помине одреден период во опозиција

До овој момент нема никаква официјална потврда за датумот за избори, ниту пак има било каква потврда дали изборите би биле единечни или би биле раздвоени. Не би рекол дека во рамките на парламентот има било какви разговори. Разговорите, како што гледаме, и самиот Ковачевски, но и Владата ги прави преку медиумите. Таму слушнавме дека изборите би биле редовни во …

Continue Reading

(Видео) Марковска: По скандалозните злоупотреби на Комисијата за Онкологија никој нема доверба во Мизрахи

И денеска нема закажано седница на Анкетната комисија за Онкологија, ДПМНЕ втор ден бега, објави на прес-конференција, пратеничката од СДСМ, Даниела Марковска. Таа вели дека срамна и неодговорна е злоупотребата на Анкетната комисија за случајот Онкологија од страна на ДПМНЕ и претседателката Рашела Мизрахи. „ДПМНЕ и Мизрахи покажаа дека нивната цел со комисијата воопшто не била вистината, не биле пациентите, …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ ја саботираат Анкетната за Онкологија за да не се дознае вистината и да ги заштитат своите кадри

Според ВМРО-ДПМНЕ, нервозата во СДС од работата и заклучоците на Анкетната Комисија за скандалот на клиниката на Онкологија, покажува дека канцер мафијата е тесно поврзана со власта. Фактот што СДС и ДУИ ја саботираат Анкетната комисија за Онкологија, според опозициската партија е доказ дека тие прават се за да не се дознае вистината за овој грозоморен чин и да ги …

Continue Reading

ДПМНЕ побегна од Анкетната комисија за Онкологија откако ја злоупотреби, велат од СДСМ

ДПМНЕ побегна од собраниската Анкетна комисија за случајот Онкологија, бидејќи беа фатени во лага, во обид да ги излажат граѓаните, злоупотребувајќи ја комисијата, реагираат од СДСМ. „Претседателката на комисијата Рашела Мизрахи ги прочита заклучоците напишани од Белата Палата, без усогласување, без гласање, без разгледување и ја прекина комисијата а ДПМНЕ цел ден бегаа. На овој начин Мизрахи директно ја залоупотреби …

Continue Reading

Спасовски во Европската Комисија во Брисел на Меѓународна конференција за глобален сојуз за борба против криумчарење мигранти

Денеска во Брисел, Кралството Белгија, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски предводи делегација од МВР во посета на Европската Комисија со цел учество на Меѓународна конференција за глобален сојуз за борба против криумчарење мигранти, а на покана од Еврокомесарката за внатрешни работи и миграции Илва Јохансон. Спасовски ќе има свое обраќање во рамки на сесијата „Одговор на криумчарењето мигранти”. За …

Continue Reading

Левица: Обид на министерот Јетон Шаќири насилно да формира паралелка на албански јазик во Чашка

„Сè поочигледно е дека министерот Јетон Шаќири го инструментализира МОН ставајќи го функција на исполнување агенда која ни малку не е поврзана со образованието и подобрувањето на системот за образование во Македонија“, велат од Левица. „По шверцувањето ученици со несоодветен број бодови во економското училиште „Јовче Тесличков“ – Велес, сега своите самоволија ги спроведува на територија на општина Чашка, во …

Continue Reading