ЛДП за симнатото знаме: Доста е со намерни провокации и варварски чинови
Либерално демократската партија најостро го осудува вандалскиот чин на симнување на знамето на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија од јарболот пред храмот Свети Наум Охридски, по што веднаш е поставено знаме на Албанија. Ова е директен напад кон верниците, но и кон свештенството на МПЦ – ОА и претставува сериозен аларм во државата, особено кога некој се дрзнува да …
Continue Reading
Николовски: Новата логистичко-дистрибутивна платформа во Скопје силно го унапредува земјоделскиот сектор и отвора нови работни места
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, заедно со претствници на Светска Банка, денеска беше на увид на локацијата на новата логистичко-дистрибутивната платформаво Скопје, општина Гази Баба. Оваа логистичко-дистрибутивната платформа е уште една голема и значајна капитална инвестиција која станува реалност, со што се исполни уште едено ветување дадено пред земјоделците и пред граѓаните. Пред само неколку недели беше …
Continue Reading
Грковска: Сајбер безбедноста носи исти предизвици за сите земји, неопходен e заеднички и координиран пристап
„Ниту една земја не може самостојно и изолирано да се справува со предизвиците на сајбер безбедноста и сајбер отпорноста. Бидејќи, независно колку една земја е развиена или не, сите ние се соочуваме со истите ризици, со истите предизвици и затоа координиран и заеднички пристап е неопходен“. Ова го порача заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, …
Continue Reading
(Видео) Томовски: Пакетот на мерки на владата е поткуп пред избори со кои го потценуваат народот
Пакет на мерки кои ги спреми Владата на Ковачевски и Ахмети не е ништо друго туку пакет за евтин предизборен поткуп кој доаѓа на само неколку месеци пред двојните парламентарни и претседателски избори, оценува Ивица Томовски, член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Овој пакет на мерки, како што вели, не е за системска помош на најранливите категории граѓани, туку …
Continue Reading
(Видео) Маркоска: ДПМНЕ да не бега, веднаш да закажат седница на Комисијата за Онкологија
„Трет ден ДПМНЕ и пратеничката Рашела Мизрахи бегаат, откако направија срамна злоупотребата на Анкетната комисија. Бараме веднаш да се закаже седницата на собраниската Анкетна комисија за случајот Онкологија. ДПМНЕ не може да побегне од вистината. ДПМНЕ не може да побегне од јавноста“, рече Даниела Маркоска, пратеничка на СДСМ. „Ваков скандалозен однос не заслужуваат граѓаните, македонското Собрание, пациентите од Онкологија. Јавноста …
Continue Reading
„Пред еден ден гореа старите бараки, а веќе денес oпштина Карпош објави презентација за нов ДУП со 16 нови згради на истата локација“, вели партијата Левица
„Се остваруваат црните предвидувања на карпошани дека на местото на работилниците на поранешно ГП Маврово, насилно се подготвува терен за новиот ДУП за Градска четврт С3 26! Неверојатна случајност е дека општината токму сега се одлучува да го презентира овој план“, вели партијата Левица. „Но, она што е сигурно е дека повторно се обидува шверцерски да се изигра мислењето и …
Continue Reading
„Мизрахи да си даде оставка и да свика седница на Анкетната за Онкологија“, бара СДСМ
„Срамна и неодговорна е злоупотребата на Анкетната комисија за случајот Онкологија од страна на ДПМНЕ и претседателката на комисијата Рашела Мизрахи“, велат од СДСМ. „ДПМНЕ и Мизрахи покажаа дека нивната цел со комисијата воопшто не била вистината, не биле пациентите, немале намера воопшто нешто да преземат, освен политички да ја злоупотребуваат Комисијата за ширење на невистини и манипулација на граѓаните. …
Continue Reading
„Коцкарски бизниси од милиони евра за Груби, милионски соларни панели за Ковачевски, а за народот илјадарче до две поткуп за избори“, велат ВМРО-ДПМНЕ
„Пакетот на мерки на СДС и ДУИ е пакет за мерки за поткуп на граѓаните. Тоа е брутално и нечовечко потценување на социјално ранливите граѓани, пензионерите, младите“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Милиони евра за коцкарниците на Артан Груби, милиони евра бизниси за соларниот бизнис на Ковачевски, 2 милијарди евра за бизниси на фирми на ДУИ и СДС, за градба на коридорите, …
Continue Reading
(Видео) „Ковачевски ги лажеше граѓаните дека ќе ги скрати платите на функционерите во стилот, ако не овој понеделник, нареден петок, за на крај да каже дека кратење нема“, вели ВМРО-ДПМНЕ
„Од април месец па навака, платите на функционерите се покачени за 78%, во време кога накај 600 илјади граѓани живеат на работ на сиромаштија, а 80 илјади граѓани живеат во екстремна сиромаштија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Од април месец па до сега Ковачевски и неговата влада ги лажат граѓаните. Прво лажеа дека платите на функционерите нема да се покачат 78%, па …
Continue Reading