Европскиот сојуз за промени ја напушти лидерската откако излегол и Џафери; „Веќе подготвуваат сценарио за фалсификување на изборите“, оценува Меџити
Лидерите на Европскиот сојуз за промени, Африм Гаши, Билал Касами и Изет Меџити ја напуштиле лидерската средба која беше свикана денеска а во фокусот се актуелни политички прашања од значење за претстојните редовни претседателски и парламентарни избори, како и од важност за европските перспективи за државата. На состанокот опозицискиот албански блок ги изнел своите ставови пред присутните, но како што …
Continue Reading
Павле Трајанов: Избори без техничка Влада
Пратеникот Павле Трајанов од Демократскиот сојуз објави дека на денешната лидерска средба се залагал за избори без техничка влада, Македонија да биде една изборна единица, а вториот круг од претседателските и парламентарните избори да се одржат во исти ден. „Прво, евроинтеграциските процеси на Македонија се во сериозен застој поради тоа што во изминатите седум години СДСМ и ДУИ не спроведоа темелни …
Continue Reading
Јанушев: Дали во СВР Скопје имало пријава пред 5 дена дека убиецот е Палевски, и зошто ништо не е преземено во однос на тоа?
„Денешната прес конференција требаше да биде посветена на основаните сомневања за нелегалното следење на комуникации и злоупотребите кои се прават од безбедносните служби, министерството за внатрешни работи и ЈО, а за кои власта упорно молчи. И колку и да е страшен и голем тој скандал, ништо не е пострашно и поголемо од трагичниот крај во случајот со младата Вања и …
Continue Reading
Таравари: Нема да дозволиме да има дестабилизирање во Владата додека има шанси да се случат уставни промени
Арбен Таравари, претседател на Алијанса за Албанците, пред почетокот на денешната лидерска средба кажа дека се надева дека институциите ќе функционираат и ќе се казнат што побрзо луѓето одговорни за двојното убиство. Тој истакна дека позициите на партиите од Владата се синхронизирани и дека бараат широк консензус за одржување на претседателски и парламентарни избори заедно кон крајот на април или …
Continue Reading
Мицкоски пред лидерската: Техничката влада и уставните измени не се предмет на оваа средба
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски пред денешната лидерска средба кажа дека партијата останува на истите позиции. „Денеска треба да се одржи состанок на кој што очекувам да се разговара за тоа што беше претходно најавувано од Ковачевски. Денеска е тежок ден за Македонија, за сите нас. За мене претставува тежок момент, посебно сум разочаран и згрозен од прес-конференцијата на оние …
Continue Reading
Демократскиот сојуз: Владата да прогласи Ден на жалоста, а лидерската средба да се одложи
Демократскиот сојуз до семејството на Вања Ѓорчевска изразува длабоко сочувство и жалење за трагедијата што се случи. ДС бара темелна истрага и расчистување на сите аспекти во врска со грозоморното убиство на Вања Ѓорчевска, како и ликвидацијата на Панче Жежовски. Преку темелна и сеопфатна истрага ќе се разјасни и дејствувањето на МВР. „Инаку, последните неколку години во Македонија делуваат класични …
Continue Reading
Левица: Коњановски и државни просветни инспектори го штитат криминалот на Сервини
„Левица неколку пати јавно реагираше со барање за разрешување на Жанета Сервини од функцијата в.д. Директор на Техничкото училиште во Битола. Но, и покрај низата скандали што ја пратат од самиот почеток на нејзиниот в.д. мандат меѓу кои и злоупотреба на ученици-малолетни лица со цел вршење притисок врз вработени во училиштето, таа сèуште е на оваа функција“, велат од Левица. …
Continue Reading
Апасиев го откажа учеството на лидерската средба: Треба да биде ден на жалост, а не лидерска за датум за избори
Утре треба да биде ден на жалост заради двојното убиство, а не на лидерска за датум за избори, вели претседателот на Левица, Димитар Апасиев. Тој го откажа своето учество на планираната средба. „Апелирам до премиерот истата (средбата) да се помести за посоодветен тајминг, после расчистувањето – преку парламентарна надзорна расправа – на сите неразјаснети прашања поврзани со пропустите на МВР и ОЈО …
Continue Reading
Мицкоски: Искрено сочувство за загубата на младата Вања, најстрога казна за сите вмешани во грозоморниот чин, правда мора да има
Со голема тага ја примив веста за згаснувањето на животот на младата Вања. Искрено сочувство за загубата на овој млад и невин живот. Најстрога казна за сите вмешани во овој грозоморен случај! Правда мора да има. Почивај во мир
Continue Reading