Како е можно киднаперите на Вања со возилото на исчезнатиот Панче да му поминат пред нос на Спасовски- евидентирани се на 27 ноември во близина на Александар Палас?!

Тоа што СДС отвора разно разни теми со цел да дефокусираат од трагичната смрт на малата Вања и велешанецот Панче, говори дека сакаат да сокријат пропусти во истрагата кои можеле да го спречат грабнувањето и смртта на девојчето. Имено Спасовски и МВР со денови молчат и кријат дека возилото на настраданиот велешанец три дена било во Скопје пред кобниот 27 …

Continue Reading

Ако постои инспектор кој шири информации за убиствата Спасовски вели дека ќе му побара одговорност

Истрагата се води во Обвинителството, не во медиумите, порача министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за случајот со Вања Ѓорчевска при посетата на СВР Куманово. На прашањата на новинарите за повеќе детали за возило на убиениот Жежовски, за тоа од кога е одземено, до кога е користено каде било во меѓувреме, Спасовски посочи дека со поднесување на кривични пријави деталите …

Continue Reading

„Како е можно киднаперите на Вања со возилото на исчезнатиот Панче да му поминат пред нос на Спасовски“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Тоа што СДС отвора разно разни теми со цел да дефокусираат од трагичната смрт на малата Вања и велешанецот Панче, говори дека сакаат да сокријат пропусти во истрагата кои можеле да го спречат грабнувањето и смртта на девојчето“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Имено Спасовски и МВР со денови молчат и кријат дека возилото на настраданиот велешанец три дена било во Скопје …

Continue Reading

СДСМ: Што договарал Мицкоски на средбите со Палевски?

„Цела недела нема одговор на прашањето за средбите на Мицкоски со Палевски. Што разговарал и договарал Мицкоски на средбите со Палевски, што крие“, прашува СДСМ. „Познато е дека Палевски беше близок соработник на режимот на ДПМНЕ, јавно го поддржуваше Мицкоски, но и нивниот коалициски партнер Левица, а неговите радикалните ставови беа алатка на ДПМНЕ и нивните сателити. Како дел од …

Continue Reading

„Нов скандал – Мицкоски на иста маса со уапсен за трговија со 32 килограми дрога“, вели СДСМ

„После фатениот соработник на Мицкоски од Пештани со кокаин, нов скандал. Мицкоски седи на иста маса со лицето М.А од Грчец уапсен за трговија со 32 килограми дрога во полициска акција со која е пресечен меѓународен канал за шверц на дрога“, соопшти СДСМ. „Акцијата на полицијата е од 3-ти декември оваа година а токму со возилото на лицето М.А со …

Continue Reading

„Што ќе каже стопанот Ахмети, тоа го прифаќа слугата Ковачевски – Талат е недостоен за функцијата премиер“, велат ВМРО-ДПМНЕ

„Димитар Ковачевски и СДС се малцински партнери во владата на ДУИ и Али Ахмети. Ковачевски со поддршката за Талат Џафери да биде премиер го потврди она кое што ВМРО-ДПМНЕ го зборуваше изминатите години, а тоа е дека тој е спремен да прифати се што им нуди ДУИ и Ахмети, само за да продолжат матните бизнис зделки и криминал“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ. …

Continue Reading

Извршниот одбор на СДСМ донесе неколку заклучоци

Извршниот одбор на СДСМ го потврди предлогот на Ковачевски и кандидат за претседател на Собранието го избра Јован митревски, координатор на пратеничката група на СДСМ. „Митревски е пратеник со искуство, вреден, отворен, чесен и посветен на интересот на граѓаните, докажан во неговиот ангажман во Собранието. Сигурни сме дека Митревски ќе ја извршува функцијата на највисоко ниво“, рече портпаролот на СДСМ …

Continue Reading

Маричиќ: Мора силно да се залагаме за мирно разрешување на конфликтите низ дијалог и дипломатија

Во честитката по повод денешниот празник, заменик претеседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ потсетува на клучниот постулат на Универзалната декларација на ОН од 10 декември 1948 година: „Сите човечки суштества се раѓаат слободни и еднакви по достоинство и права“. „Во време кога светот е изложен на сериозни, драматични, трагични воени и терористички акти, кога е загрозено првото …

Continue Reading

Битиќи: Македонија негува стабилно, правично и инклузивно општество

Вицепремиерот задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи, во својата објава на социјалните мрежи по повод Меѓународниот ден на човековите права нагласува дека „одржливиот развој не може да се реализира без стабилност и безбедност, како услови за остварување на едно од човековите права – правото на достоинствен живот“. „Како потписничка на Универзалната декларација за човековите права и како земја која ги …

Continue Reading