Битиќи: Македонија негува стабилно, правично и инклузивно општество

Битиќи-Македонија-негува-стабилно-правично-и-инклузивно-општество.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Вицепремиерот задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи, во својата објава на социјалните мрежи по повод Меѓународниот ден на човековите права нагласува дека „одржливиот развој не може да се реализира без стабилност и безбедност, како услови за остварување на едно од човековите права – правото на достоинствен живот“.

„Како потписничка на Универзалната декларација за човековите права и како земја која ги прифати како свои 17-те глобални цели на ОН за одржлив развој, нашата земја ги усогласи националните развојни приоритети, рамката за почитување и унапредување на човековите права, обврските за родова еднаквост со Агендата 2030“, напиша Битиќи.

Битиќи наведува дека „имајќи го членството во Европската Унија како главен национален приоритет, Северна Македонија негува стабилно, правично и инклузивно општество со транспарентни, ефективни и одговорни институции како основните предуслови за да може едно општество да се нарече заедница на еднакви слободни и достоинствени граѓани.

„Континуираното подигнување на заштитата на човековите права и успешната грижа за нив е вистински показател за силата на секое општество. Од потпишувањето на 10ти декември 1948, во Париз на Генералното Собрание на Обединетите Нации, во овие 75 години Декларацијата за човекови права е она што не обединува и води низ вредностите и условите во кои создаваме општество со еднакви права за сите“, истакнува во честитката по повод Меѓународниот ден на човековите права вицепремиерот Фатмир Битиќи.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK