Јакимовски: Партиската зграда на ВМРО-ДПМНЕ е најголемото бетонско чудовиште во Македонија
Зборуваат за бетонски чудовишта, а што е ова позади нас ако не е бетонско чудовиште кое претставува најголема бетонизација на квадратен метар во Република Македонија, праша градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски на денешната прес конференција што ја одржа зад партиската зграда на ВМРО-ДПМНЕ, како реакција на вчерашните најави од советниците во општина Карпош од оваа политичка партија дека ќе …
Continue Reading
Андоновски: Бараме Арсовска итно да го разреши генералниот секретар Глигоров, кој се најде во скандал со семејно насилство за кој известуваат медиумите
Град Скопје го тресат сериозни афери. Вчера медиумите објавија дека генералниот секретар на градот Зоран Глигоров, десната рака на градоначалничката Арсовска е пријавен за семејно насилство врз неговата сопруга во месец ноември, вели Стефан Андоновски, советник во Советот на Град Скопје. „Според написите на медиумите Глигоров извршил семејно насилство врз сопругата на 17 ноември оваа година. Настанот бил пријавен во …
Continue Reading
(Видео) Митева: Власта со новото поскапување на струјата удира врз граѓаните и компаниите, новата давачка е нов грабеж
Нова давачка за граѓаните доаѓа од старите добро познати умови на Регулаторна комисија за енергетика. Мислителите од оваа комисија ќе го изберат и најбизраниот начин само за да ги зголемат сметките за струја на граѓаните, со досега невидено објаснување, истакна на денешната прес-конференција Марија Митева, портпаролка на ВМРО-ДПМНЕ. „Хронологијата на нивната лажна заложба е многу едноставна, и од година во …
Continue Reading
Спасовски: Членството во ЕУ ќе биде позитивно за граѓаните на земјава, визијата делумно ја исполнивме како дел од НАТО Алијансата
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски присуствуваше и се обрати на Шестта пленарна сесија на Национална конвенција за Европска Унија во Република Северна Македонија (НКЕУ-МК), на тема „Национална конвенција за Европска Унија: Темелните општествени вредности за европска иднина”. „Eвропскиот пат на регионот на Западен Балкан без сомнение е високо на агендата на секој од нас, бидејќи граѓаните тежнеат да живеат …
Continue Reading
Тасевска: До 15.000 денари поддршка за пензионерите во наредните пет месеци
Новиот, деветти пакет антикризни мерки на Владата предводена од СДСМ обезбедува финансиска поддршка за 187.000 пензионери со пониски пензии, објави на прес-конференција, пратеничката од СДСМ, Лидија Тасевска. Како што рече, СДСМ ветиле пораст за пензиите и континуирана финансиска поддршка и тоа ветување го исполнуваат. „Повеќе за сите е огледало на нашата грижа за сите. Во наредните 5 месеци пензионерите со …
Continue Reading
Техничка грешка е дека збирот на агли во триаголник е 190, Шаќири ќе бара авторите и рецензентите на учебниците да бидат повнимателни
Техничка е грешката во учебникот по математика за шесто одделение кој покажува дека збирот на аглите во триаголник место 180 изнесува 190 степени. Вака денес објасни министерот за образование Јетон Шаќири и рече дека побарал објаснување од авторите и рецензентите на учебникот за тоа како се случила техничката грешка. „Што се однесува за таа забелешка за предметот математика за шесто …
Continue Reading
Мицкоски: Црната кампања на СДС против мене им се удира од глава, лагите за моја куќа од милион евра во Козле, паднаа на суд како клевета
Гледам дека СДСМ овие денови води кампања со прикажување на фотографии со луѓе кои ниту се мои соработници, ниту пак, освен сликањето имам било каква близина. Тоа е нивниот избор за дефокус од големите теми и водењето на перманентна црна кампања против мене која им се удира од глава секој ден, пишува на социјалните мрежи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. …
Continue Reading
СДСМ: Поддршка за 120 илјади млади, студенти и ученици
Владата предводена од СДСМ, со деветиот пакет антикризни мерки обезбедува поддршка за сите граѓани, пред се за младите, велат од СДСМ. „Финансиската поддршка за 120.000 млади лица е насочена кон зголемување на студентскиот, но и на ученичкиот стандард, за основците и средношколците од ранливи категории на семејства со примања, до 50.000 денари. Над 105 илјади ученици во основното образование и …
Continue Reading
Спасовски ја излажа јавноста за возилото на Жежовски, велат од ВМРО-ДПМНЕ
Од ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека Оливер Спасовски, треба да се засрами од своите лаги, пред новинарите и пред македонската јавност, каде ладнокрвно излажа, во врска со возилото на убиениот Панче Жежовски. Потсетуваат дека на 4 декември, кога Спасовски држеше заедничка прес конференција, заедно со Гаврил Бубевски, за возилото на Панче изјави: -Тоа возило не се движи до 27 ноември и немавме …
Continue Reading