Пратениците на Левица со кривична пријава против Џафери
Пратениците на Левица – Димитар Апасиев и Борислав Крмов, до Основното јавно обвинителство – Скопје, поднесоа заедничка кривична пријава против претседателот на Собранието на Република Македонија – Талат Џафери, заради основано сомневање дека сторил кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“ – казниво по чл. 353 од Кривичниот законик, со запретена затворска казна до три години. „Пријавениот се терети …
Continue Reading
„Епидемијата на корупција однела 500 милиони долари, зошто никој не е во затвор и каде завршија парите“, прашува ВМРО-ДПМНЕ
„Стратешките партнери на Македонија издвоиле 500 милиони долари за борба против корупцијата, а Македонија има епидемија од корупција. Власта на тандемот СДС и ДУИ е 7 години власт, министер за внатрешни работи 9 гoдини по ред е Оливер Спасовски, а има епидемија од корупција и довербата во судството сега е пониска од било кога порано“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ. „Само 2% доверба …
Continue Reading
(Видео) Ковачевски на Самитот ЕУ- Западен Балкан: Северна Македонија нема друга алтернатива освен да ја исполни својата ЕУ агенда
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, во рамки на работната посета на Брисел, се обрати на Самитот ЕУ-Западен Балкан, каде на највисоко ниво се дискутираше за концептот на забрзана и постепена интеграција, за интегрирањето на регионот на единствениот пазар на ЕУ, билатералните односи меѓу земјите од регионот, како и реформските процеси на земјите од Западен Балкан. Овој …
Continue Reading
(Видео) Ковачевски од Брисел: По успешниот скрининг, процесот ќе продолжи и ќе резултира со членство на Северна Македонија во ЕУ
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски во рамки на работната посета на Брисел учествува на Самитот на Европска Унија-Западен Балкан. Пред почетокот на работните сесии од Самитот, во изјава за медиумите, премиерот Ковачевски посочи дека овој Самит е исклучително значаен бидејќи на едно место ќе бидат Европскиот Совет и земјите од Западен Балкан, а на кој ќе …
Continue Reading
„Чудно е што Јакимовски не ги имаше истите ставови кога беше чест посетител на нашето седиште“, вели ВМРО-ДПМНЕ
„Чудно е што овие ставови Стевчо Јакимовски не ги имаше кога беше чест посетител на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, па со восхитување зборуваше за истото“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на ГРОМ. „Во однос на архитектонскиот стил на седиштето, Јакимовски треба да се обрати на друга адреса, а тој многу добро знае која е таа адреса. Јакимовски да се одлучи дали ќе …
Continue Reading
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ нека бара одговорност за средбите на Џафери, Спасовски и Пендаровски со криминалците и нарко босовите
Очекуваме на следната прес конференција СДС да побара одговорност за средбите на Џафери, Спасовски и Пендаровски со криминалците и нарко босовите, во спротивно нека молчат и не се брукаат, реагира ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на пратеничката Жаклина Лазаевска дека Христијан Мицкоски и ДПМНЕ стануваат засолниште на дилери и се опасност по безбедноста на децата „Со внимание ја проследивме прес конференцијата на …
Continue Reading
Османи ги прими копиите од акредитивните писма на новоименуваните амбасадори на Луксембург, Норвешка и Латвија
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи ги прими копиите од акредитивните писма на новоименуваните амбасадори за Република Северна Македонија на Големото Војводство Луксембург, Марк Хубиш, на нерезидентните амбасадори на Кралството Норвешка, со седиште во Белград, Кристин Мелсом и на Република Латвија, со седиште во Прага, Елита Кузма. На засебните средби со амбасадорите, Османи им посака добредојде и успех во вршењето …
Continue Reading
Лазаревска: Мицкоски и ДПМНЕ стануваат засолниште на дилери, тие се опасност по безбедноста на децата
Христијан Мицкоски и ДПМНЕ, наместо да се грижат за безбедноста на нашите деца и млади, стануваат засолниште на дилери со дрога, изјави на прес-конференција, пратеничката од СДСМ, Жаклина Лазаревска. Вели дека Мицкоски и ДПМНЕ не може да ја лажат јавноста дека фотографиите со дилери на дрога се случајност, особено што не станува збор за еден туку за три случи кои …
Continue Reading
Костадиновска Стојчевска: СДСМ го заштити македонски јазик и култура
Повикот којшто од Европската унија беше упатен за пријавување преведувачи на македонски јазик за службите на Унијата е уште една потврда на она што ние го зборувавме уште минатата година, македонскиот јазик и култура не се загрозени туку потврдени во ЕУ, рече потпретседателката Бисера Костадиновска Стојчевска во Студио 10 на 24 телевизија. -Во ниеден сегмент јазикот не ни е загрозен, …
Continue Reading