(Видео) Манасиевски: Филипче зборува за сиромаштија, а оди на зимување во Дубаи

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, денеска на прес-конференција остро го критикуваше Венко Филипче, обвинувајќи го за лицемерие и двојни стандарди. Манасиевски изјави дека, додека Филипче во јавноста зборува за тежок живот, ниски плати и економски проблеми во државата, паралелно заминал на зимување во Дубаи – една од најскапите дестинации во светот. Претходно, како што рече, Филипче летувал …

Continue Reading

Минималната плата под прагот на сиромаштија, секое трето дете живее во беда, велат од Левица

Податоците на Државниот завод за статистика за сиромаштијата во Македонија за 2024 година не се изненадување туку потврда на длабоката структурна криза на македонскиот економски модел. Стапка на сиромаштија од 21,9 проценти, со речиси 30 проценти сиромашни деца и алармантни 45,8 проценти сиромашни самохрани родители не е резултат на „надворешни шокови“ туку на долгогодишна политика што систематски го потценува трудот …

Continue Reading

„Дали на Бихаќка Нова година ќе си честитаат по дубајско време“, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ

„Откако лидерот на СДС, Зоран Заев одамна се смести во Дубаи, а Венко Филипче побрза да избега кај него за празниците, се поставува прашањето дали на Бихаќка Нова година си честитаат по дубајско време како нивниот лидер и неговиот намесник Филипче?“, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ. „А дали и овој пат на забавата главна ѕвезда ќе биде Харис Џиновиќ или некоја друга …

Continue Reading

(Видео) Зајкова: Реформи за Судски совет донесени на брза лента не градат доверба

Претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка во Собранието, Моника Зајкова, остро реагираше на начинот на кој се носи новиот Закон за Судскиот совет, предупредувајќи дека реформите „на брза лента“ не можат да ја вратат довербата во правосудството. Според Зајкова, предложениот закон не носи вистински напредок во процесот на избор на членовите на Судскиот совет, бидејќи конечната одлука повторно ја …

Continue Reading

„Јавното обвинителство мора да отвори предмет за тендерот од 1,2 милиони евра“, бара СДСМ

„Јавното обвинителство не смее да молчи за криминалните тендери туку да делува. Обвинителството мора веднаш да отвори предмет и да започне истрага за скандалозниот тендер од 1,2 милиони евра во АД Пошта, доделен на фирма на советник од ЗНАМ“, велат од СДСМ. „Антикорупцискиот тим објави конкретни наводи и докази од свиркач, вработен во Пошта за организирано испумпување јавни пари и …

Continue Reading

(Видео) Мицкоски: Стапката на сиромаштија бележи намалување, а „џини индексот“е првпат под 30% во последните 30 години

Во текот на денешната посета на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство – Скопје, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања се осврна и на последните статистички податоци за сиромаштијата во земјата. „Што се однесува до стапката на сиромаштија, сакам да кажам дека во 2024 е подобра од 2023 и е најдобра од 2020 па наваму. Ако во …

Continue Reading

Мицкоски: Вкупно околу 110 милиони денари се вложени во ГАК, од кои 35 милиони се за реновирање

Kога почнувавме со овој проект пред неколку месеци имаше луѓе коишто можеби не веруваат дека за така кратко време ќе се сработи сето ова и ќе се стави во функција онака како што денеска изгледа. Исто така, и тогаш се поставуваа прашања дали функционалноста на самиот објект ќе продолжи и покрај реконструкцијата. Како што можеме да заклучиме дека не само …

Continue Reading

СДСМ до ВМРО-ДПМНЕ: Кога веќе следите, зошто не објавите фотографии од Дубаи

„Дали граѓаните забележаа дека ВМРО и нивните соработници, коалициони партнери, петтоколонаши од ЗНАМ и останати не демантираат ниту едно соопштение на СДСМ? Освен примената на препишувачката, ресавската, ќаци-школа во рамки на СНС кампањата „copy-paste“, диригирана од нивната централа, со сензационалистички таблоидни наслови како „Шокантно разоткривање“, тие не даваат одговори на поставените прашања. Овие наслови што ВМРО ги користи за своите …

Continue Reading

(Видео) Апасиев: Не може лекар да одговара за лекарска грешка, а судија да не одговара за непримена на право

Пратеникот од Левица, Димитар Апасиев, на собраниска седница го критикуваше предложениот закон за судството оценувајќи дека станува збор за козметички, а не за суштински промени, кои нема да ја искоренат корупцијата во правосудството. „Како што велеше често на предавањата почитуваната професорка, која што го спомна патем и овој закон во годинешното обраќање, правен илузионизам е да сметаме дека ние со …

Continue Reading