Собранието го донесе Предлог законот за Судски совет

Собранието го донесе Предлог Законот за Судски совет со 73 гласови ,, за” и 1 ,, воздржан“, информираат од Министерството за правда. Овој закон, како што појаснуваат, ја поставува основата за силен, независен и транспарентен Судски совет, со цел да ја зајакнеме довербата на граѓаните во судството. „Клучни новини: Јавност во постапката за разрешување на претседател на Советот. Прецизирање на …

Continue Reading

(Видео) Димитријевиќ: Свиркач открива нови детали за тендерот во Пошта, како се пумпаат 300.000 евра годишно

Денеска ќе прочитаме наводи од писмо на вработен во Пошта А.Д. исто така доставено до нас, со основано сомнение за тоа како преку овој тендер се пумпаат пари од граѓаните,  изјава Александар Саша Димитријевиќ од СДСМ. „Одиме по ред. ‘Пријавувам организирана кражба на 25.000 евра евра месечно или 300.000 евра годишно преку договорот со фирмата БС КЛИНИНГ ДООЕЛ’ наведува свиркачот, вработен …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ: Јавноста има право да знае колку пари Филипче инвестирал во Дубаи за да добие златна виза и како ги заработил?

По сведоштвото на поранешниот соработник на Зоран Заев, Тома Аврамски дека поранешниот премиер гради 42-катница во Дубаи, и СДСМ и Филипче потврдија дека дека е вистина, но велат дека Филипче не е партнер во овој милионски градежен зафат, пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. „Она што се јавува како дилема, и на што Филипче сè уште не дава одговори, е како …

Continue Reading

СДСМ: За колку тендери ЗНАМ ја продава Македонија?

„Колаборантите од ЗНАМ го потврдија скандалот што го објави АКТ: тендер од 1,2 милиони евра добила фирма на нивни советник од општина Кисела Вода. Ама реакциите за скандалот се како оние на ВМРО: Фактите се тие, советникот кој зема 1,2 милиони евра е наш ама „се оградуваме од инволвираност“, велат од СДСМ. „Томовски велеше „бројот е мој, таткото е мој, …

Continue Reading

Филипче со куфер сликан на аеродром, СДСМ обвинува за следење: „Се враќаме во периодот пред 2016 година“

Опозициската СДСМ денеска обвини дека се врши следење на претседателот на партијата Венко Филипче, оценувајќи дека станува збор за методи карактеристични за периодот пред 2016 година. Повод за реакцијата, како што наведуваат од СДСМ, е фотографија објавена во јавноста на социјалните мрежи, а на која Филипче е снимен на аеродром, и се тврди дека патува за Дубаи, што партијата го …

Continue Reading

Костовски: Левица гласаше против поликлиника, водовод, мостови, финансиска помош за новороденчиња

Левица Бутел тргна цврсто по стапките на ДУИ во општина Бутел, отворено гласаше против се што ќе набројам, пишува градоначалникот Дарко Костовски на социјалните мрежи. „На седница за буџет, советникот на Левица Бутел гласаше против: -Нова поликлиника -Доизградба на водоводот за Љубанци и Љуботен -Традиционален турнир во Баскет во Радишани -Традиционален турнир во фудбал за загинати бранители во Љубанци -Нов …

Continue Reading

СДСМ: „Златната виза“ не е злато, туку налепница во пасош

Опозициската СДСМ реагираше на обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ, оценувајќи ги како измислени вести и дефокус од главните теми. Од СДСМ наведуваат дека визата претставува службен документ издаден од држава, кој овозможува влез, престој или транзит, најчесто во форма на печат или налепница во пасош, и дека секој граѓанин може да ги провери условите за визи на веб-страниците на надлежните амбасади. „Со …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да ги објави документите или да одговори од каде 500 илјади долари за златна виза во Дубаи и инвестиции

Во свое појавување пред медиумите, Венко Филипче рече дека тој не бил бизнис партнер на Зоран Заев во градбата на висококатница во Дубаи. Но со тоа, пак, потврди дека Заев сепак таму гради зграда висока 42 ката, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку допис до медиумите. „После оваа јавна потврда, во јавноста се јавуваат нови дилеми, на кои Филипче треба да даде …

Continue Reading

СДСМ: Нема да нè замолчите, обидите за уривање на партијата одвнатре ќе бидат спречени

ВМРО активираше организирана и координирана операција за уривање на СДСМ одвнатре, тврди опозициската партија преку соопштение. Целиот план, како што се додава, бил осмислен пред две недели, кога власта сфатила дека ја губи поддршката на граѓаните по сознанијата за мигранти за пари и по отворањето на криминално-корупциските афери на највисоките функционери на ВМРО-ДПМНЕ од страна на Антикорупцискиот тим на СДСМ. …

Continue Reading