Демократскиот сојуз: Да се суспендираат партиските директори на М-НАВ
Демократскиот сојуз бара да се суспендираат партиските директори на М-НАВ, откако претходно денес дојде до упад во контролата на летање и физички напад врз контролори. Од партијата велат дека за да се спречат можни катастрофални последици, неопохдно е Владата да одржи вонредна седница и да ги разреши актуелните партиски директори на М-НАВ и на нивно место да именува експерти од редот …
Continue Reading
ВМРО-ДПМНЕ: Партиски војници на ДУИ нападнале Албанци во контролата за летови оти биле против партиски вработувања
Банда партиски војници на ДУИ влегле во зградата на М-НАВ и нападнале контролори на летање Албанци затоа што дале поддршка на синдикатот против партиските вработувања, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение. „Кога Ахмети пее во кабинетот на Груби и си прави журка, во друга државнa институциja баграта на ДУИ дели шлаканици на Албанци зошто се солидаризирале со синдикатот. Ова е вистинското …
Continue Reading
ВМРО-ДПМНЕ: Стевчо Јакимовски мисли дека е за Холивуд, но тој не е ниту за Боливуд
Стевчо Јакимовски мисли дека е за Холивуд, но тој не е ниту за Боливуд, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Вчера тажеше зошто буџетот немало да се донесе, малтретираше вработени во општината на сила да протестираат, а веќе денес се труди да биде духовит, откако на сила го донесе буџетот. Знаци за страдалник каков сакаше да се прикаже, денес има поприлично добро расположение. …
Continue Reading
Маричиќ на средба со Агелер: Посветеноста на остварувањето на европската агенда со нашите стратешки партнери е од интерес на сите граѓани
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ денес оствари средба со амбасадорката на САД во земјава, Н.Е. Ангела Агелер со која разговараше за соработката со САД како наш стратешки партнер во областите поврзани со европските реформи и за можностите за насочување и зајакнување на соработката во реализација на националните стратешки приоритети. Соединетите Американски Држави се наш стратешки …
Continue Reading
И покрај циркусот од советниците на ВМРО-ДПМНЕ, Општина Карпош го донесе буџетот, вели Јакимовски
Заврши 37-та седница на Советот на Општина Карпош, во чии рамки мнозинство советници го изгласаа општинскиот буџет за 2024 година. Според градоначалникот на општината Стевчо Јакимовски ова беше настан без преседан во историјата на локалната самоуправа, каде што советниците на ВМРО-ДМПНЕ се обидоа, како што рече да го блокираат донесувањето на буџетот, а со тоа да го запрат функционирањето на …
Continue Reading
(Видео) Велјановски: Со насилство и талатизација во советот на Општина Карпош, со Левица како главен играч, се донесе буџетот на општината, среќна нова 1949
Денес сме сведоци на насилство и талатизација на Советот на општина Карпош. Имено, на сила, вон секоја демократска процедура, со кршење на сите законски акти и подакти, со кршење на Деловникот, Статутот на општина Карпош и Законот за локална самоуправа, со 15 гласа ЗА беше усвоен Буџетот на општина Карпош за 2024 година, истакна Роберт Велјановски, Советник од ВМРО-ДПМНЕ во …
Continue Reading
(Видео) Стојкова Серaфимовска: СДС и ДУИ дојдоа на власт ветувајќи чиста животна средина но за жал останаа само на зборови
Скопје веќе повеќе од 10 дена е еден од најзагадените градови во светот, прв во Европа, вели Велика Стојкова Серафимовска, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ. Прашува што прави Владата за да се справи со вонредната ситуација во која аерозагадувањето ги надминува сите предвидени мерки за здрава животна средина. Според неа, СДС, дошле на власт ветувајќи чиста животна средина и чист воздух. „Со …
Continue Reading
(Видео) Кузеска: Поголеми плати, пензии, инвестиции и поголем економски раст во 2024 година
Годината којашто е пред нас ќе биде уште подобра од изминатата на економски план. Платите, пензиите и инвестициите ќе продолжат да растат, економијата ќе се развива позасилено, вели портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска. Според неа, влијанијата на шоковите од енергетската и економската криза врз глобалните економии се уште се присутни, но антикризните мерки го даваат посакуваниот резултат. „Економскиот раст оваа …
Continue Reading
(Видео) Николов: За седум години со СДС и ДУИ на власт во здравството има само корупција, непотизам, враќање на состојбата децении назад
За здравството во последните седум години има само една констатација, а тоа е „никогаш не било полошо“, вели Игор Николов, претседател на Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ. Според него, власта на СДС и ДУИ го уназади здравствениот систем особено јавното здравство, редеше скандали, наместо инфраструктура ги полнеше своите џебови, а заборави и на граѓаните. Не само што нема прогрес во …
Continue Reading