Ковачки: Уште лани предупредивме дека треба да се донесе закон за критична инфраструктура за инциденти како овој во М-НАВ

Во врска со објектите како тој на М-НАВ, уште минатата година сме предупредиле дека неспособниве иако се предупредувани 5 години по ред од ЕУ, се’ уште немаат донесено Закон за критична инфраструктура, реагира на социјалните мрежи Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. „Не дека тоа за бандитите од ДУИ нешто ќе значеше и ќе ги спречеше, но барем санкциите после вакви настани …

Continue Reading

ДУИ за случувањата во М-НАВ: Инцидентот е резултат на нарушени однoси меѓу колегите и не треба неправедно да се меша партиската политика

Безбедноста на сите граѓани е најважна за нас. Настаните во М-НАВ се вознемирувачки и од државните институции се третираат со најголема сериозност, велат од ДУИ по случувањата во оваа институција. Додаваат дека истражните органи мора одлучно да го расветлат случајот. „Инцидентот кој се обидува неправедно да и се припише на ДУИ, е резултат на нарушени и заладени односи меѓу колегите …

Continue Reading

Хамиди: Цело време бевме напаѓани од Тасевски, ама не излегувавме во медиумите да се жалиме

Претседателот на Управниот одбор и извршен директор во М-НАВ, Фахрудин Хамиди вели дека  безбедноста на авио-сообраќајот и навигацијата никогаш била, ниту ќе биде загрозена. Граѓаните можат да патуваат безбедно, додаде тој после вчерашните инциденти во зградата на радарската соба каде што е сместена обласната контрола на летање при М-НАВ. „Од 3.ноември 2020 година, кога стапив на чело на компанијата, ја најдов …

Continue Reading

(Видео) Јаневска: Погрешните политики на ДУИ и СДС, во овие седум години, резултираа со уништено образование

Погрешните политики на власта на СДС и ДУИ овие седум години резултираа со уништено образование, а бомбастично најавените реформи завршија неуспешно, оцени претседателката на Комисијата за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ, Весна Јаневска. „Националната платформа која никогаш не се стави во функција, одложениот старт на учебните години, промената на наставните содржини со интеграција на предмети па се до т.н. дигитализација …

Continue Reading

Обвинителството да покрене обвинение за насилство по упадот во М-НАВ, бара ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ бара од Обвинителството да покрене обвинение за кривично дело насилство по упадот и физичкиот напад врз вработени во контролата за летање. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека откако функционерите на ДУИ и СДСМ, наишле на отпор од вработените во М-НАВ, поради вработување на партиски и некфалификувани кадри, со наместени огласи за вработување, прешле на притисоци и насилие, само за насила да …

Continue Reading

СДСМ: Градоначалниците од ДПМНЕ две години не прават ништо за загадениот воздух

Скопје со денови е меѓу најзагадените градови на светот, скопјани се гушат од воздухот штетен по здравјето, велат од СДСМ преку соопштение. „Градоначалниците на ДПМНЕ не преземаат ништо цели 2 години за загадениот воздух. Иако ДПМНЕ има градоначалници во Аеродром, Кисела Вода, Гази Баба, Бутел, Ѓорче Петров, мнозинство во Советот на Град Скопје, води јавни претпријатија, има над 500 членови …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ: Скандали во новата година – се поништи Чебрен, покапе струјата, шамари во М-НАВ, журка на Ахмети и Груби во државна институција

Во новата година се случија повеќе скандали отколку што изминаа денови, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение. „Прво, 2024-тата почна со поскапа струја за граѓаните. Додека тие крадат, граѓаните сега ќе плаќаат поскапи сметки и за над 400 денари. Второ, се раскина договорот за изградба на Чебрен, и тоа бидејќи владата на СДС и ДУИ неколку пати ја менувале одлуката за …

Continue Reading

СДСМ: Поголем економски раст, поголеми плати и пензии во 2024 година

Со успешните економски политики на СДСМ, 2024 година ќе биде уште подобра, велат од владејачката партија преку соопштение. „Платите, пензиите и инвестициите ќе продолжат да растат, економијата ќе се развива позасилено. Економскиот раст оваа година ќе се забрза на 3,4%, инфлацијата ќе продолжи да се намалува на под 4%, а буџетскиот дефицит ќе биде помал. Во Буџетот за 2024 година …

Continue Reading

Левица: Македонците плаќаат најскапи патарини – Рустеми е горд!

Изминатата година, државата наплатила 62 милиони евра од патарини, што претставува најголема сума досега, за што директорот на ЈПДП – Ејуп Рустеми изјави дека е горд, велат преку соопштение од политичката партија Левица. „Иронично, за Рустеми државата направила модерна, електронска и современа наплата за патарини, која според него, нуди професионална и квалитетна услуга. Додека, во реалноста, Македонија е меѓу земјите …

Continue Reading