Мицкоски одржа состанок за Реформската агенда: Во фокусот приоритетите и динамиката на реформите

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одржал состанок посветен на Реформската агенда, на кој биле разгледани тековните активности, приоритетите и динамиката на спроведување на предвидените реформи. „Денеска се одржа состанок посветен на Реформската агенда, на кој во фокусот беа тековните активности, приоритетите и динамиката на спроведување на предвидените реформи“, напиша Мицкоски на Фејсбук. Тој посочи дека посветеноста на реформскиот процес подразбира координиран …

Continue Reading

Алијанса за Албанците го нарече Максим Димитриевски „патриот на батерии од Кина“

Алијансата за Албанците оценува дека градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, би можел да ја напушти Владата поради очекувањата за одржување предвремени парламентарни избори. Според партијата, прашањето за правосудниот испит му е потребно за да го искористи во предизборната кампања и да се претстави како „голем патриот“. Од Алијансата за Албанците упатија и иронични критики, нарекувајќи го Димитриевски „патриот на батерии …

Continue Reading

Левица: Скопје сакаат да го претстават како европска престолнина, а јавните пари да ги трошат без контрола

Додека ВМРО-ДПМНЕ се подготвува да го претстави Скопје како Европска престолнина на културата, Европската комисија веќе укажува на сериозни недостатоци во транспарентноста на управувањето, стабилноста на финансирањето, навремената реализација и соработката со културните чинители, реагираат од Левица. Од партијата оценуваат дека наместо историската можност да се искористи за суштинска преобразба на културниот живот, постои опасност проектот да се претвори во …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ го повика Обвинителството да отвори предмет за настапите на СДСМ за Алта банка

ВМРО-ДПМНЕ го повика Јавното обвинителство да отвори предмет по допрен глас и да ги испита јавните настапи на СДСМ и претседателот на партијата, Венко Филипче, поврзани со случајот со Алта банка. Од партијата тврдат дека преку непроверени обвинувања се создава вознемиреност кај граѓаните и се нарушува довербата во банкарскиот систем. Според ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ намерно шири паника и предизвикува недоверба во …

Continue Reading

Максим Димитриевски: Нема пазарење со македонскиот јазик, нема отстапки кон Бугарија без реципроцитет

Претседателот на Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија, Максим Димитриевски, во телевизиско гостување порача дека ЗНАМ нема да отстапи од ставот дека правосудниот испит се полага само на македонски јазик, ниту ќе прифати Македонија повторно да прави отстапки во однос на уставните измени. За овие прашања нема политички пазарења, нема импровизации и нема отстапување од државните интереси. Во однос на …

Continue Reading

„ДПМНЕ и Орце го вратија на сцена нивниот бивши портпарол Димче Арсовски и тоа како директор на МКЦ“, велат од Левица

„ДПМНЕ и Орце Ѓорѓиевски продолжуваат да се однесуваат ненаситно и Градот да го третираат како партиски плен! По скандалозните избори на членови во одборите, до Левица пристигнуваат информации дека поранешниот портпарол на ДПМНЕ, Димче Арсовски, е новопоставен директор на Младинскиот културен центар“, велат од партијата Левица. „МКЦ, кој важи за симбол на независната културна сцена, младинскиот бунт и слободното творештво, …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ: Бетон Герасимовски и општината да не лажат, доделија награда „Феникс нелегално“, а не “Јубилејна награда”

„Бетон Герасимовски и Општина Центар, фатени сте живи како лажете, повлечете се од темава и извинете се. Наместо да ја манипулирате јавноста, одговорете на едно едноставно прашање: Зошто ги едитирате објавите и лажете дека сте доделиле некаква “Јубилејна награда”, а не Феникс. Дали поради тоа што знаете дека за доделување на “Феникс” потребно е прво изјаснување на комисија, а потоа …

Continue Reading

Ставот за уставните измени останува непроменет, Мицкоски очекува следната година уште посилен извештај од ЕК

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на напредокот на државата што Брисел го нотираше во нивниот извештај и потврдата од страна на амбасадорот Рокас, како и за уставните измени, изјави: „Па да самиот амбасадор вчера на прес-конференцијата кажа дека во суштина споредено со минатогодишниот извештај имаме значителен напредок оваа година. Но, исто е поважно да се …

Continue Reading

ДС за извештајот на ЕК: Не може да има недопирливи функционери, привилегирани поединци или институции кои се над законот

Демократскиот сојуз го поздравува Извештајот на Европската комисија за напредокот на Република Северна Македонија за 2026 година, особено, како што истакнуваат од оваа партрија, позитивните оценки и констатираниот напредок во спроведувањето на реформската агенда и усогласувањето со европското законодавство. Оценуваат дека извештајот претставува важна основа и дополнителен поттик за продолжување и продлабочување на европскиот реформски процес. „Истовремено, тој укажува дека …

Continue Reading