Мицкоски: 13-ти ден од кампањата, а Пендаровски не кажа ни збор за криминалите на ДУИ, за Соравиа, за грабежот, тоа значи дека го прифаќа
Најголемата трагедија е што овие години полека, но сигурно системот е срушен. Системот кој е создаден да служи на народот, е киднапиран и одземен од контролата на народот. Тој сега служи на стотина души од ДУИ кои управуваат со државата и на нивните слуги од СДСМ, кажа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вчерашниот митинг во Гевгелија. Тој напомена дека …
Continue Reading
Пендаровски: Tие што беа против Преспанскиот договор сега се фалат со НАТО членството
Кандидатот за претседател Стево Пендаровски вчера вечер во Велес рече Силјановска да избере што ќе биде, претседател или врховен командант на Армијата. И порача дека без Преспанскиот договор нема членство во НАТО. „Делумно е манипулација на нашите граѓани и потценување на нивната интелегенција, а делумно е зошто не знаат што зборуваат сега, што зборувале порано и што напишале во програмата. …
Continue Reading
ДУИ е загрижена од апстиненцијата на ВМРО за членство на Косово во Советот на Европа
ВМРО-ДПМНЕ, освен што планира изолација од Европската Унија, истото го сака и со соседните земји на Северна Македонија. По замрзнатите односи со соседна Бугарија, ВМРО и Мицкоски сакаат да ја вратат државата во состојбата од пред 2008 година, велат од ДУИ. „Конкретно, денеска пратеникот, воедно потпретседател на ВМРО, Александар Николовски, ниту неговиот заменик Владо Мисајловски, не отпатуваа во Стразбург на …
Continue Reading
Силјановска-Давкова: Ако бев претседателка, сега ќе протестирав и марширав со специјализантите
Сите ние, седумтемина претседателските кандидати, напишавме убави текстови за поддршка на специјализантите. Што се случи? Нели е сега министер за здравство некој од актуелната власт? Нели има кандидати за пратеници што се лекари? Зарем уште еднаш ќе дозволиме оние кои едвај ги чекаат надвор како непроценлив македонски подарок, лекари, млади специјализанти, да си заминат?“, праша претседателската кандидатка Гордана Силјановска-Давкова во …
Continue Reading
Мицкоски од Гевгелија: На Македонија и треба претседател а не измеќар на ДУИ, на нивната стратегија како до сега, народот на овие избори ќе им каже, готово е
„Македонија е пред историска одлука. Ова се повеќе од обични избори каде се носи судбоносна одлука за иднината на државата, за вас и вашите семејства. Ова се избори каде директно вие одлучувате за вашите судбини и со вашиот глас ја враќате контролата над државата која ви е одземена“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од митингот во Гевгелија. Мицкоски додаде …
Continue Reading
Николоски: Пендаровски е свесен дека го чека огромен пораз и затоа навредува, не одговори каков е тој чесен претседател чија кампања е финансирана со народни крадени пари
Пендаровски навредува на најнизок можен начин и тоа покажува во какво бунило е и е свесен дека поразот ќе биде огромен. Пендаровски не одговори на ниедно од прашањата кои му ги поставуваме. Сака да се претставува како чесна личност, а е најдволичниот човек кој се занимава со политика, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител во ИЕ4, Александар Николоски на митингот …
Continue Reading
Пендаровски: На 24 април заокружете број 1 за стабилност во следните пет години
Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски попладнево беше со жителите на општините Чашка и Свети Николе. Заблагодарувајќи им се за масовното присуство, Пендаровски истакна дека имајќи предвид дека во изминатите пет години постојано бил меѓу своите сограѓани, тие знаат за што се залагал и знаат дека така ќе продолжи и во следниот мандат. Во оваа насока Пендаровски посочи на двете големи придобивки …
Continue Reading
Силјановска-Давкова: Дали оваа власт ве прави горди, дали сме горди кога прифаќаме рамка што ниту една друга земја ја немала, да си ја земеме судбината во свои раце
Оваа глетка во Валандово, ќе се насмеете, ме потсетува на калинката. Ни треба единство, ни треба консензус за најважните прашања. Треба да се сплотиме како калинка, сите, без оглед на каква било припадност. Особено треба да се сплотиме со дијаспората, порача претседателската кандидатка Гордана Силјановска-Давкова. „Во годините на крајот на 19 век низ Европа, особено во Лондон во Бајроновото друштво, …
Continue Reading
Сиљановска-Давкова се сретна со поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов: разменети искуства за престојниот период
Во рамките на нејзината кампања, денеска кандидатката за претседателка на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, во неформална и пријатна атмосфера се сретна со нејзиниот универзитетски колега и поранешен претседател на Република Македонија, професор д-р Ѓорѓе Иванов, во неговиот роден град Валандово, Соговорниците, како што е наведено во соопштението, имаа можност да поразговарат на многу теми и да споделат искуства за кампањите, како …
Continue Reading