(Видео) Левица најави свој кандидат за претседателските избори
Левица на претседателските избори ќе оди со свој кандидат. Од партијата на социјалните мрежи објавија промо-видео со кое гo најавија своето учество на изборите. „Време е македонскиот народ да се заложи за себе храбро, чесно и борбено. Левица го нуди единствениот избор во клучен момент. Претседателски кандидат со решителност и храброст да каже не на раскрчмувањето на Македонија“, се вели …
Continue Reading
За потпретседателот на Алијанса, статусот на Таравари е „чудна комуникација“
И потпретседателот на Алијанса за Албанците, Елми Азири, застана против претседателот на партијата Таравари. „Чудна комуникација на партискиот лидер со партиските тела преку социјалните мрежи! Партиските тела се избираат легитимно! Суспендирањето од социјалните медиуми не му служи на духот на Алијансата што го изгради. Коалициските понуди сè уште не пристигнаа во партиските органи! Единствената одлука на раководството на партијата е …
Continue Reading
По Лога, против Таравари се јави и Села: „Ова е кукавички чин на претседателот на партијата“
Претседателот на Централното собрание и поранешен лидер на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, на Фејсбук напиша дека партијата има одлука на претстојните парламентарни избори да оди сама. Тој го обвини актуелниот претседател Арбен Таравари дека има шверцерски тенденции и вели дека тој како поединец не одлучува за чекорите на партијата, туку партиските тела. „Како претседател на централното собрание на Алијансата …
Continue Reading
Лога и Таравари на различни страни: министерот за правда сака Алијанса за Албанците на изборите да оди самостојно
Откако лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, јавно побара партиските органи да донесат одлука за настап со албанската опозиција на претстојните избори, се огласи генералниот секретар на АА и министер за правда Кренар Лога. Тој вели дека единствено засега донесена одлука е за самостоен изборен настап. „Ве информирам дека Алијанса за Албанците не разгледува никакви барања до своите партиски …
Continue Reading
„Избрав да го слушам гласот на луѓето, тие бараат промена“ – Таравари на изборите ќе оди со Албанската опозиција
Претседателот на Алијансата на Албанците Арбен Таравари попладнево на фејсбук најави дека од Собранието на неговата партија ќе побара да влезат во коалиција со здружената Албанска опозиција. Toa значи дека АА на избори ќе учествува заедно со партиите на Меџити, Касами и Гаши. „Имајќи ги предвид вредните и љубезни предлози на сите пријатели, членови и поддржувачи, избрав и да го …
Continue Reading
Мицкоски од Женева: Дијаспората масовно да излезе да гласа на претстојните избори
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со потпретседателот Александар Николоски и членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки е во дводневна посета на Швајцарија. Денеска во Женева тој имаше состанок со претседатели на многу задгранички комитети на ВМРО-ДПМНЕ од Европа. „Навистина една исклучително квалитетна атмосфера, мотивирани се луѓето сите тие си ја љубат својата татковина Македонија и се подготвени да …
Continue Reading
Левица: На само еден ден пред одбележувањето на 152 години од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев, квинслишката Влада нема најава за чествување на овој настан
На само еден ден пред одбележувањето на 152 години од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев, квинслишката Влада нема никаква најава за чествување на овој настан, реагира Левица. „За разлика од претходни години, кога се организира свечена манифестација на која се покануваат различни организации и политички партии, оваа година изостанува било каква покана. Освен една штура најава за собраниска делегација …
Continue Reading
Со неверување слушаме како СДС се гордее со бугарскиот диктат, а како ќе го промениме ќе видат по 8 мај, вели ВМРО-ДПМНЕ
Со неверување слушаме како СДС се гордее со бугарскиот диктат, а како ќе го промениме ќе видат по 8-ми мај. Бугарскиот диктат кој Македонија го прифати заради слабата власт е најлошата работа која државата некогаш ја прифатила. ВМРО-ДПМНЕ не се согласува со бугарскиот диктат и тој мора да биде променет, а Македонија да добие подобра позиција, се вели во соопштението …
Continue Reading
НСПВ: Министерството за одбрана ја сопре членарината на синдикатот
Претседателот на Независниот синдикат на професионални војници, Александар Насковски, рече дека Министерството за одбрана ја сопрело уплатата на членарината на синдикатот и на тој начин го оневозможува синдикалното делување и организирање. Тој кажа со оваа постапка се прекршува колективниот договор на Министерството за одбрана, Законот за работни односи и Конвенциите потпишани од државата со Меѓународната организација на трудот. „Министерката за …
Continue Reading