СДСМ реагира: Изградивме и обновивме над 1.510 километри пат, ДПМНЕ правеше споменици и стиропор
ДПМНЕ е последната партија којшто може да говори за инфраструктура и инвестиции, реагира СДСМ по денешната трибина на опозициската партија. Тоа е партијата, велат од СДСМ, која спроведуваше криминални проекти како Скопје 2014 за богатење на поединци од белиот дворец. „Стиропор, жални врби и споменици не се инфраструктура. Бројките и фактите покажуваат дека СДСМ изгради и обнови 1510 километри патна …
Continue Reading
И Села го разреши Таравари – кулминира играта на тронови во Алијансата
На вториот конгрес на поделената Алијанса за Албанците, партиското крило одлучи да го реизбере Зијадин Села за претседател, и да го отстрани од челната партиска позиција, актуелниот лидер, Арбен Таравари. Засега нема коментар од Таравари за конгресот на партијата, и неговата смена. Во петокот, пак, на вонреден конгрес крилото предводено од Таравари, ја укина функцијата претседател на Собранието на партијата …
Continue Reading
Џафери од Минхен: Да застанеме во одбрана на глобалната демократија и евроатланската интеграција на Западен Балкан
Премиерот, Талат Џафери, го заврши присуството на јубилејната, 60. Минхенска безбедносна конференција, којашто шест децении претставува платформа за постигнување мир преку дијалог, и, како што велат од Владата, е добра можност, за реафирмација на цврстата определба на Северна Македонија кон евроатлантскиот пат и демократските вредности. Џафери, заедно со уште 450 политички лидери, преку присуството на панелите, неформалните разговори и билатералните …
Continue Reading
Мицкоски вети дека автопатот Кичево-Охрид ќе се заврши за две години ако дојде на власт
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вети дека кога ВМРО-ДПМНЕ ќе дојде на власт, до 2026-та година ќе бидат завршени автопатот Кичево – Охрид и експресните патишта. Mицкоски на денешната дебата „Инфраструктурна платформа за иднина“ на тема „Концепт за инвестиции во инфраструктурата“ која што се одржа во Другово, општина Кичево, рече дека со ВМРО-ДПМНЕ ќе биде многу поразлично, од она што …
Continue Reading
Ковачки: Новиот министер во МВР покажа дека нема привилегирани
Има разлика, Спасовски забошотуваше инциденти, а новиот министер покажа дека нема привилегирани, вели пратеникот, Драган Ковачки, во врска со инцидентот што го потврди МВР дека припадник на обезбедувањето на Христијан Мицкоски натепал полицаец пред скопски локал. „За разлика од времето на Оливер Спасовски и СДС, кога директно од министерот се забошотуваа инцидентите во кои полициски службеници беа малтретирани и исфрлани …
Continue Reading
Таравари го повика Ахмети: Те поканувам да се натпреваруваме во трката за претседател
Во статус на социјалната мрежа Фејсбук, претседателот на Алијансата за Албанците и истовремено кандидат за претседател на опозициската коалиција, јавно го повика лидерот на ДУИ, Али Ахмети да го прифати предизвикот за претседателската трка. „Пропагандата на ДУИ, откако ја објавив мојата кандидатура за претседател, некогаш вели дека Али Ахмети ќе се кандидира, некогаш се повлекува … Отворено го поканувам господинот …
Continue Reading
Џафери на средба со Сарацин во Германија вети изборен процес по европски стандарди
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, се сретна со Мануел Сарацин, специјален пратеник на Владата на Сојузна Република Германија за Западен Балкан. Реафирмирана е силната поддршка од Германија за следниот исчекор во европските интеграции, како клучен за граѓаните на Северна Македонија да го осигураат членството во ЕУ во непрекинат процес, известуваат од владината прес – служба. „Се …
Continue Reading
Тошковски: За случајот со нападот врз полицаец известен е јавен обвинител
Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, го осуди инцидентот во кој синоќа во угостителски објект беше нападнат полициски службеник при извршување на своите работни активности, од страна на припадник на обезбедувањето на Мицкоски. „Во однос на инцидентот кој се случи изутринава пред угостителски објект на територија на СВР Скопје, а во кој се инволвирани полициски службеници, сакам да ја …
Continue Reading
Каевски: Обезбедувачот на Мицкоски го натепал полицаецот во обид да спречи полициска акција за дрога
Ноќеска, пред кафе барот Мош во Скопје, шефот на обезбедувањето на Мицкоски, Ивица Бисовски, физички нападнал полицаец, изјави Дарко Каевски од СДСМ на прес-конференција. Тој тврди дека иако и самиот е полицаец шефот на обезбедувањето на Мицкоски се обидел да спречи полициска акција за дрога. „Затоа е тепан полицаецот, инспектор од НТШ, за борба против дрога. Напад на полицијата, напад …
Continue Reading