ВМРО-ДПМНЕ ќе го острани обезбедувачот на Мицкоски кој нападна полицаец во скопски локал

Лицето кое учествувало во инцидентот веднаш ќе биде отстрането од обезбедувањето, бараме органите без задршка да постапат и казнат секакво насилство, велат од ВМРО-ДПМНЕ откако беше објавено декаприпадник на обезбедувањето на Христијан Мицкоски учествувал во инцидент во скопски локал синоќа, пришто нападнат бил полицаец. „Споменатото лице за кое медиумите известуваат дека било дел од инцидент е ангажирано како дел од …

Continue Reading

СДСМ: Инсталиравме 600 мегавати од обновливи извори, ДПМНЕ само 16

Во изминатите две години имаме најголемо инвестирање и најмногу обновливи извори на енергија кои што произведуваат електрична енергија, велат од СДСМ. „До 2016 година во време на владата на ДПМНЕ имало само 16 мегавати инсталирани обновливи извори на енергија. Само во изминатите две години во мандатот на СДСМ се исталирани 600 мегавати обновливи извори на енергија, кои може да снабдуваат …

Continue Reading

Делегацијата во Минхен раштиман оркестар, не може да присуствуваат и претседател и премиер, вели Милошоски

Деновиве вниманието го привлече безбедносната конференција во Минхен. Главни теми Руската агресија против Украина и ситуацијата на Блискиот Исток. Сериозни теми, сериозен протокол со присуство на делегации од многу држави. Но, само една делегација личи на расштиман оркестар – за жал, тоа е македонската делегација, вели пратеникот и поранешен министер за надворешни работи Антонијо Милошоски. „Според дипломатските правила, една држава …

Continue Reading

СДСМ: Силна поддршка за земјоделците, поголеми субвенции и авансни исплати кога им се најпотребни

СДСМ обезбедува силна поддршка за земјоделците, со кои се постигнува одржливости и развој на земјоделството, велат од СДСМ. „Се креираат мерки, според потребите на земјоделците и поголеми субвенции. Од оваа година дел од субвенциите им се исплаќаат на земјоделците авансно, за да ги добијат средствата тогаш, кога им се најпотребни. Само во текот на изминатата недела се исплатени субвенции од …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ: Постојат сомнежи дека недостатокот на обрасци е намерно направен за „да го сопнат“ техничкиот министер

Постојат основани сомненија дека за да му направат сопки на техничкиот министер од опозицијата, СДСМ и ДУИ свесно креирале недостаток на обрасци поради што 100 илјади веќе фотографирани граѓани, не можат да дојдат до својот документ, обвини ВМРО-ДПМНЕ утрово преку соопштение. За ова малтретирање на народот, велат од партијата, мора да има одговорност и повикаа на измена на законот за …

Continue Reading

Џафери-Пич: Изборите пред Северна Македонија се одредница за евроатлантските перспективи и од регионална важност

Премиерот, Талат Џафери, претпладнево во Минхен се сретна со сер Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан. На состанокот Лорд Пич, изрази честитки до Џафери за претседателската позиција во Владата и за изборот на новата Влада. „Заеднички ја нагласија важноста на претстојните избори, од аспект на фер и демократски избори и како одредница во евроатлантските перспективи на …

Continue Reading

Oсмани во Германија: Викендов во конзулатот работиме во две смени за да им помогнеме на граѓаните да добијат пасоши

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на социјалните мрежи објави дека од Минхен допатувал во Бон, посетувајќи ја најпрометната македонска конзуларна единица. „Тука донесов и дополнителна станица за фотографирање и издавање пасоши, и сега се обидуваме да им помогнеме на граѓаните со два пункта, во две смени и за време на викендот. Се надевам дека оваа реорганизација значително ќе го скрати …

Continue Reading

Пендаровски: Интеграција на Западен Балкан во ЕУ за мир и стабилност во Европа

Претседателот, Стево Пендаровски, во рамки на 60. Минхенска безбедносна конференција, вчеравечер учествуваше на дебатата насловена „Дали Западен Балкан е дел од големата слика? Мапирање на новата европска безбедносна архитектура“, во организација на Центарот за безбедносна политика од Белград и Центарот за безбедносна политика од Женева. Во дискусијата, Пендаровски се осврна на актуелните состојби во регионот на Западен Балкан, последиците во …

Continue Reading

(Видео) Николов: Нема грижа за онколошките пациенти ниту по скандалот со Oнкологија

Помина речиси половина година од објавата на скандалот на Онкологија и речиси една година од објавата на ревизорскиот извештај за оваа Клиника кој јасно и недвосмислено укажа за низа неправилности, вели претседателот на Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Николов. Нема систем кој за пациентите ќе овозможи континуирана терапија, следливост на терапијата, нема ништо од ветувањето за децентрализација на областа …

Continue Reading